Годишен извештај на Сигрид Раузинг Траст

Сигрид Раузинг Траст, основана во 1995 година, функционира како фондација која нуди поддршка и финансиска помош за човековите права на глобално ниво. Од 1995 година до денес, Фондацијата, од 1995 година до денес, помогнала неколку програми во пошироката област на човековите права со околу 273 милиони фунти.

Во извештајот за 2017 година, опфатени се повеќе области, меѓу кои и притвор, тортура и смртна казна, слободно изразување, борци за човекови права, права на ЛГБТИ луѓето, транснационална правда, права на жени, ксенофобија и нетолеранција.

Во делот во кој се обработени правата на ЛГБТИ луѓето, истакнато е дека Фондацијата Сигрид Раузинг Траст поддржува организации кои работат во правец на упапредување на правниот статус и социјалното прифаќање на лезбејките, геј мажите, бисексуалците/ките, трансродовите лица, односно дека еден од значајните интереси на Фондацијата е анти-дискриминациското законодавство во услови на хомофобија и насилство.
Во продолжение на овој дел, во Извештајот на Фондацијата е опфатена и работата на ЛГБТИ Центарот за поддршка, кој е поддржан од Сигрид Раузинг Траст.

Интегралниот текст на Извештајот е достапен овде.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика