Дебата: Законот за дискриминација и ЛГБТИ заедницата

На 23.09.2017 година во Градскиот парк во Скопје, ЛГБТИ Центарот за поддршка организираше јавна дебата за Законот за спречување и заштита од дискриминација чии измени и дополнувања треба да влезат во собраниските процедури непосредно по оддржувањето на локалните избори.

 

 

На дебатата учество зедоа Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, Неда Чаловска Димовска правна советничка од Хелсиншкиот комитет, Ѓултен Мустафова, раководител на работната група за измена и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и Драгана Дрндаревска, правна советничка од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“.

Се разговараше за претходните искуства со постоечкиот закон, зошто е од исклучителна важност сексуалната ориентација и родовиот идентитет да бидат изрично ставени во членот 3 од законот како заштитени основи, како и околу критериумите за избор на комисионерите и транспарентноста на процесот за избор.

Дебатата беше одржана во склоп на Националниот граѓански форум Цивика Мобилитас.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени