Дирен Кошкун не е сама!

Барањата за почитувањето на човековите права на Дирен Кошкун, која е лишена од слобода во затворот Текирдаг бр. 2 и започна штрајк со глад пред 20 дена, мора да бидат исполнети веднаш!

Родовиот идентитет е интегрален и неделив дел на човековото постоење. Во оваа смисла, барањата на Дирен Кошкун за почитување на нејзиното право на здравствена заштита од страна на затворската управа се исто така поврзани со заштитата на нејзиниот личен интегритет и почитувањето на правото на личност. Затворската управа е одговорна за обезбедување на најосновните барања на Дирен Кошкун во однос на нејзиниот родов идентитет, родовото изразување и родовата транзиција – хирургија, епилација и секоја друга медицинска, психолошка, психијатриска и социјална поддршка и помош.

Дирен Кошкун исто така изјавува дека иако таа има право да биде сместена во отворено затворско одделение, тоа не и е дозволено. Таа е изолирана под незаконски услови. Изолацијата е една од најтешките казни, а нејзината незаконска примена е сериозен криминал.

ЛГБТИ Центарот за поддршка застанува солидарно со активистите од нашата заедница низ целиот свет во исцрпувачката борба за правда и еднаквост. Секогаш ќе ги поддржуваме активистите од трансродовата заедница кои водат една од најтешките битки за заштита на човековите права.

Ги повикуваме сите релевантни национални и меѓународни институции, особено затворската управа на затворот Текирдаг бр. 2, да ги почитуваат човековите права на Дирен Кошкун и да ги исполнат нејзните барања, кои се нивна законска должност!

Дирен Кошкун не е сама!

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени