Државата на 40-то место од вкупно 49 држави по однос на состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во државата

ИЛГА Европа секоја година прави преглед на состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во 49 држави, меѓу кои и Северна Македонија. Годишниот преглед на состојбата вклучува и проценка на степенот до кој државите ги имаат реализирано човековите права на ЛГБТИ луѓето во државата. По објава на целосен извештај во кој се содржани делови за секоја држава, ИЛГА Еуропе објавува и Rainbow мапа на која се прикажани степените на реализација на човековите права по одделни области.

За разлика од претходната година кога државата беше рангирана на 41-то место и ги имаше реализирано човековите права на ЛГБТИ луѓето во 14%, оваа година државата е рангирана на 40-то место од вкупно 49 дежави и проценето е дека ги има реaлизирано човековите права во 16 %.

Нема придвижување во областа на дискриминацијата, имајќи предвид дека новиот закон се уште не е усвоен, а се бележи и зголемување на бројот на регистрирани случаи на говор и дела од омраза паралелно со зголемувањето на видливоста на ЛГБТИ луѓето. Евидентно е мало придвижување и унапредување на законската рамка со усвојувањето на измените на Кривичниот законик со кои се препознаваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за кривични дела од омраза, но остануваат уште низа законски измени кои треба да се случат.

Rainbow мапата може да се погледне на следниот линк

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени