ЕУ: Упатствата за ЛГБТИ лицата се клучен инструмент за заштита на човековите права на заедницата надвор од Унијата!

Европскиот парламент го осуди прогонството на истополови двојки надвор од ЕУ и побара подобро спроведување на Упатствата на ЕУ за човековите права на ЛГБТИ лицата.
Поткомитетот за човекови права (ДРОИ) беше домаќин на јавна расправа за човековите права на лезбејките, геј, бисексуалните, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) лица надвор од ЕУ и спроведувањето на Упатствата на ЕУ за ЛГБТИ лицата ​​на седница одржана на 25.09.2017.

“Сексуалната ориентација и родовиот идентитет се суштински индивидуален избор, кој во никој случај не смее да биде предмет на било каква правна кодификација или дискриминаторски практики”, рече претседателот на Поткомитетот за човекови права, Пјер Антони Панцери. “За жал, повеќе од 72 земји во светот сеуште ја криминализираат хомосексуалноста а најмалку пет пропишуваат и смртна казна”, додаде тој.

Пратениците разговараа со широка експертска група за статусот на консензуалните односи од ист пол низ целиот свет. Тие повикаа на крај на насилството и на сите форми на дискриминација против ЛГБТИ заедницата во Чеченија и ги повикаа руските власти да го почитуваат човечкото достоинство и итно да спроведат истраги за пријавените случаи.

Членовите на ДРОИ ја поздравија неодамнешната посветеност на владата на Тунис да гарантира заштита на човековите права на ЛГБТИ лицата. Тие се обврзаа да ја стават во фокус состојбата на ЛГБТИ на нивните идните состаноци со нивните колеги и ја истакнаа потребата за укинување на законите како што е член 230 кои не се во согласност со владеењето на правото и правата на поединците како што е загарантирано со Уставот на Тунис.

Пополнување на јазот помеѓу зборови и акција

Како Упатствата на ЕУ за унапредување и заштита на човековите права на ЛГБТИ луѓето треба подобро да ги промовираат и заштитат човековите права на ЛГБТИ лицата, беше суштината на втората панел дискусија.
“Овие упатства се одличен инструмент”, изјави Александар Хамелбург од Федерацијата на холандски здруженија за интеграција на хомосексуалноста (COC). Членовите се согласија дека Европската унија би можела да направи значителна разлика за ЛГБТИ луѓето ширум светот преку ангажманот на делегациите на ЕУ низ разни земји надвор од Унијата.
Во минатогодишниот Годишен извештај за човекови права и демократија во светот, европратениците ја повикаа Европската комисија и ЕЕАС (Службата за односи со земји надвор од Унијата) да почнат да работат на правилно и активно спроведување на насоките. Во таа смисла, Даина Радуша од ИЛГА-Европа идентификуваше неколку препораки, како што е подобро ангажирање на организациите на граѓанското општество, обука на вработените во Делегацијата на ЕУ како и бидување пример за однесувањето кон ЛГБТИ заедницата.
Пратениците се согласија со Скот Бусби, заменик помошник секретар на Стејт департментот на САД, дека ЕУ и САД треба да ја зајакнат својата соработка на мултилатерално ниво, особено со поддршка на мандатот на независен експерт на ОН за сексуална ориентација и родов идентитет. Тие се согласија да работат заедно со брзо назначувањето на нов независен експерт по неодамнешната оставка на Витит Мунтарберн.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени