Извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето за ноември и декември

Последните месеци од 2019 година беа предизвикувачки во полето на правата на ЛГБТИ луѓето со одбележување на значајни денови за заедницата, застапување за подобри закони, програми и тела, како и заштита на жртви кои претрпеле насилство. Преку случаите на прекршување и повреда на права, постојано се тестира респонзивноста и постапувањето на надлежните органи, а со тоа и вистинската заложба на државата за подобрување на ситуацијата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во државата. Еден од случаите кои беа пријавени во текот на месец декември беше позитивен пример за подобрена респонзивност на органите за заштита, но за жал сè уште не е потврда за подобрена респонзивност во сите случаи на насилство во кои жртва е лице од ЛГБТИ заедницата. Сè уште постојат случаи на насилство кои не се процесирани и во кои жртвите немаат добиено соодветна заштита и правда. Воедно, вкучувањето на граѓанскиот сектор во процесот на пријавување и процесирање на случаите и во минатото се има покажано како предуслов за подобрена респонзивност од страна на органите, па затоа не може да се тврди дека доколку жртвите самостојно го пријавуваат и спроведуваат случајот, нема да наидат на предрасуди и непостапување, за што зборуваат неколку истражувања во оваа област.

Целосниот извештај е достапен на следниот линк: Mесечен извештај за ноември и декември 

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени