Извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето

На почетокот на 2020 година се бележи успорување на одредени процеси за подобрување на состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето, особено со распуштањето на Собранието на Република Северна Македонија и најавувањето на предвремените парламентарни избори кон средината на април. Комисијата за заштита од дискриминација остана неформирана од претходниот парламентарен состав, а со тоа дополнително се пролонгираше формирањето на ова тело за еднаквост и заштитата од дискриминација за сите граѓани. Правното признавање на родот исто така не беше ниту предложено пред претходниот парламентарен состав и е оставено да чека подобри денови. Во текот на овие месеци регистриран беше зголемен број на случаи на говор на омраза, но и едно уништување на билборди кои беа дел од герила акција за промоција на фиктивен лек кој лечи хомофобија и трансфобија.

Со ширењето на пандемијата со вирусот КОВИД 19 настанаа сериозни промени во целото општество преку донесување на мерки за заштита, полициски часови, самоизолација, социјално дистанцирање. Со ширењето на вирусот и зголемувањето на бројот на регистрирани случаи, следствено се случија големи промени во економијата, но и во животите на најранливите. Во услови на самоизолација најранливите се оние кои се најпогодени од сите мерки и случувања, а во недостиг на поддршка често, ваквата ситуација може да остави трајни последици. За случувањата во првите три месеци од оваа година прочитајте во Месечниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето за јануари, февруари и март 2020 година.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени