Извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето за ноември и декември

Извештајот за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во Северна Македонија за ноември и декември опфаќа содржини кои се однесуваат на дела од омраза врз основа на сексуална ориентација преку презентирање на конкретен случај, детали за повторното формирање на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во Северна Македонија во рамките на Собранието, како и текст Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво, кој оригинално беше објавен на феминистичката платформа Медуза.

Особено е значајно што успеавме на крајот на 2020 година заедно со Националната мрежа против хомофобија и трансфобија повторно да ја формираме Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во Северна Македонија во рамките на новиот состав на Собранието на РСМ која се формираше на 10 декември по повод Меѓународниот ден на човековите права. Прв пат оваа група беше формирана во мандатот на претходниот парламентарен состав. Во групата учество земаа првично 11 пратеници и пратенички од власта и од опозицијата кои во соработка со здруженијата на граѓани ќе се застапуваат во законодавниот дом за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Во следните денови по конститутивната седница, бројот на пратеници и пратенички се искачи на 14.

Целосниот извештај е достапен на следниот линк Месечен извештај_ноември, декември 2020

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени