Извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во Македонија за мај, јуни и јули

Во месеците мај и јуни се случија низа значајни настани со кои се одбележаа значајни денови за ЛГБТИ заедницата, а истовремено се најави и одржа првата Парада на гордоста во Скопје. Законот за спречување и заштита од дискриминација, беше по втор пат усвоен во Собранието на РСМ и со тоа се оконча долгиот процес на усвојување, исполнет со низа предизвици и борби за граѓанските активисти. Истовремено, со зголемувањето на видливоста на ЛГБТИ луѓето и релевантните прашања, за жал се зголеми и видливоста на хомофобијата, трансфобијата и бифобијата во општеството, демонстирана во форма на говор на омраза и повици за насилство кон ЛГБТИ луѓето. Демонстрираниот говор на омраза, од друга страна, не се соочи со осуда и повик за одговорност од страна на надлежните, а во отсуство на одговорност омразата и повиците за насилство секојдневно се во пораст. Целосниот извештај на следниот линк Извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во Македонија 2019

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени