Истражување за потребите на ЛБК заедницата

Ова истражување го спроведува ЛГБТИ Центарот за поддршка заедно со ЛезФем – лезбејско-феминистичка активистичка група и се прави со цел да ги утврди потребите и проблемите со кои се соочуваат лезбејките, бисексуалките и квир жените како и да го утврди пристапот до услуги при преживеана дискриминација или насилство. Истражувањето се прави на територијата на Република Македонија за периодот 2013-2018 година.

Ве молиме да одвоите 15 до 20 минути за пополнување на прашалникот. Пополнувањето на прашањата е анонимно и доброволно, а вашето учество е од голема важност.  Податоците од истражувањето нема да се користат за индивидуално прикажување на случај. Тие ќе бидат објавени во финален извештај и ќе бидат збирно прикажани во табели, графикони и/или дијаграми.

 Прашалникот може да го најдете со кликање на следниот линк: Истражување за потребите на ЛБК заедницата. 

 Доколку имате било какво прашање во врска со истражувањето, ве молам пишете ни на: biljana.ginova@mhc.org.mk.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени