Колку се имплементирани Целите за одржлив развој на Обединетите Нации во однос на правата на ЛГБТИ луѓето – Извештај за состојбата

Во јуни 2020 година неколку граѓански организации, меѓу кои и ЛГБТИ Центарот за поддршка, изготвија Извештај за најважните случувања околу состојбата на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија кој даде приказ на имплементацијата на Целите на одржлив развој на Обединетите Нации (UN Sustainable Development Goals). Документот беше поднесен од граѓанските организации согласно параграф 89 од Агендата (A/RES/70/1) и во него се прави приказ на тоа колку Целите на одржлив развој се имплементирани од страна на државата во однос на правата на ЛГБТИ луѓето во државата и истовремено се даваат препораки за подобрување на состојбата. Паралелно со поднесувањето на овој извештај и самата држава поднесува свој Доброволен Национален Извештај, па така извештајот поднесен од граѓанските здруженија има форма на извештај во сенка.

Извештајот беше подготвен и поднесен на англиски јазик од страна на:

1.      Наташа Бошкова, Коалиција МАРГИНИ
2.      Јована Јовановска Кануркова, ЛГБТИ Центар за поддршка
3.      Антонио Михајлов, Субверзивен фронт
4.      Биљана Гинова, Независен експерт
5.      Вук Раичевиќ, Раководител за застапување, ERA – LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
6.      Софиа Баракоу, стажант, ERA – LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey

Целосниот извештај преведен на македонски јазик е достапен на следниот линк Извештај за најважните случувања околу состојбата на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија

Целосниот извештај на англиски јазик е достапен на следниот линк Spotlight Report on the position of LGBTI persons

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени