Краток извештај од истражување: Дали и безбедно да се биде ЛБТ во Северна Македонија?

Анализата и извештаите достапни за Северна Македонија даваат увид во потребите и проблемите со кои се соочуваат претежно геј и бисексуалните мажи. Сè уште немаме конкретни податоци за ЛБТ-лицата, па оттука и потребата за потемелно истражување со кое ќе се анализираат причините за ниската стапка на пријавување насилство, но во пошироки рамки што ќе ги вклучат лезбејките, бисексуалците и трансродовите луѓе.

Ова истражување е обид и прилика да се продлабочи и прошири националното и меѓународното застапување за права на ЛБТ+ и да се покрене свест за специфичните проблеми на ЛБТ-лицата во земјата, но и на поширок план, во однос на личната безбедност и насилството.

Наодите од истражувањето укажуваат на итна потреба за реформа на системот за заштита, вклучувајќи ги сите чинители, но со главен акцент врз полицијата како орган што сериозно потфрла во својата обврска да ги штити сите граѓани еднакво. Постои страв од осуда и предрасуди помеѓу ЛБТ-лицата, а тоа е главната причина што се чувствуваат небезбедно да „излезат од плакарот“, што може да резултира со вербално и психофизичко насилство. Понатаму, постои голема недоверба во институциите и страв за својата безбедност при обраќање на полицијата, особено кај транс-лицата. Трансродовите жени, особено сексуалните работнички, се најчестите жртви на насилство и се најчесто малтретирани од страна на полицијата, но се и оние што го нормализираат насилството поради своите тешки искуства во различни области и општите лоши услови за живот.

Оригиналниот извештај беше подготвен на англиски јазик во рамки на проектот „Надвор од маргините” кој воедно е мрежа на организации креирана од страна на лондонската организација Стоунвол во која членуваат 24 организации од 20 земји од Европа, Јужна Америка и Африка.

Краткиот извештај од истражувањето преведен на македонски јазик е достапен на следниот линк: Дали е безбедно да се биде ЛБТ во Северна Македонија_

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени