Месечен извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето за октомври

Во текот на месец Октомври регистриран е случај на вознемирување и дискриминација на трансродова жена на аеродромот во Скопје за кој започната е соодветна постапка за зашита. Месец Октомври беше и месец во кој во Скопје се одржа една од најголемите регионални ЛГБТИ конференции во Европа – Годишната конференција на ЕРА – ЛГБТИ Асоцијација за еднакви права за Западен Балкан и Турција.  Конференцијата се одржа од 4-ти до 6-ти Октомври во соработка и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за надворешни работи, а пред официјалниот почеток на конференцијата во Собранието на Република Македонија се одржа генералното собрание на ЕРА, за кое од страна на претседателот на Собранието на РМ беше отстапена сала и беше дадена целосна логистичка поддршка во организацијата и одржувањето на ова генерално собрание. Целосниот извештај проследете го на слениот линк: Mесечен извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето за Октомври

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени