„Надвор од маргините” – ново истражување од заедниците ширум светот

Иако во последниве години видовме значителен напредок за ЛГБТ правата во земјите ширум светот, сепак, погрешно е да се мисли дека сите ЛГБТ луѓе имаат еднаква корист од овој напредок. Токму од овие причини на почетокот на 2019 година се формираше мрежата „Надвор од маргините” која беше основана со цел да ги разбере уникатните искуства на лезбејките, би жените и транс-луѓето (ЛБТ +) на глобално ниво преку истражување и застапување. ЛГБТИ Центарот за поддршка стана дел од оваа мрежа со своја претставничка и учествуваше во првото глобалното истражување кое се спроведе под закрила на Стоунвол од Лондон, Велика Британија, а од кое дел беа уште 27 организации од различни делови од светот. Спроведеното истражување резултираше со овој извештај на многу индивидуи од овие организации, чија посветеност на оваа мрежа ја сигнализираше потребата за поголемо инвестирање во истражување и активизам.

Овој извештај покажува дека за многу ЛБТ +, животот останува проткаен со потешкотии, дискриминација и насилство. Истражувањето спроведено од мрежата „Надвор од маргините“ е широко опсежно, вклучително и географски и тематски. Пресекот на феминистички и квир пристап беше предвиден уште од самиот почеток, а се со цел да се засилат гласовите и перспективите кои не беа чуени или беа игнорирани во претходните истражувачки проекти. Користејќи ги целите на Обединетите нации за одржлив развој (SDG) за да го фокусира своето истражување, мрежата недвосмислено докажа дека не само што ЛБТ + луѓето на глобално ниво се хронично незаштитени и исклучени, но и дека очајно се потребни понатамошни истражувања за целосно да се процени обемот на нивното исклучување . Мрежата „Надвор од маргините“ изработи тематски извештаи кои опфаќаат пет клучни области: економска благосостојба, здравство, образование, лична безбедност и насилство и граѓанско и политичко учество. ЛГБТИ Центарот за поддршка го даде својот придонес во областа на личната безбедност и насилството. Целосниот извештај е достапен на англиски на следниот линк: https://outofthemargins.org.uk/wp-content/uploads/2020/05/Out-of-the-Margins-report-2020.pdf , а целосното истражување за Северна Македонија наскоро ќе биде достапно и на македонски јазик.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени