Отворен повик за втор циклус на мали грантови во областа на ЛГБТИ културата и уметноста во рамки на проектот Млади артивисти за промена (МАП)

ЛГБТИ Центарот за поддршка во рамки на проектот Млади артивисти за промена (МАП), ги повикува сите заинтересирани ЛГБТИ луѓе, активисти, уметници и културни работници на возраст од 18 – 25 години, на територијата на Република Северна Македонија, да аплицираат за вториот циклус на мали грантови (до 61 450 денари) со цел да се реализираат краткорочни проекти во областа на  ЛГБТИ уметноста и културата.

Повикот е отворен за сите млади луѓе кои сакаат да земат учество во ЛГБТИ активизмот и преку својата уметност да адресираат и актуализираат прашањата и проблемите на ЛГБТИ заедницата. Во предвид ќе се земат проектните идеи кои ќе продуцираат: краток филм, документарец, подкасти, раскажжување на приказни (сторителинг) или други креативни решенија, во визуелна и аудио форма, за кои апликантите сметаат дека се релевантни и интересни.

Кој може да аплицира на овој повик?

На повикот се поканети да аплицираат млади луѓе (од 18 – 25 години) кои живеат на територијата на Република Северна Македонија. Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за аплицирање која може да ја отворите со кликање на следниов линк. Рокот за поднесување на проектните идеи е 10.06.2020.  Ве молиме, при пополнување на формуларот, образложете ги вашите одговори за да ни дадете појасна слика за тоа што сакате да создадете и да постигнете. Апликациите мора да се достават на македонски и /или англиски јазик.

Достапен фонд

Во рамки на вториот циклус на мали грантови ќе се поддржат 6 проекти. Вкупниот буџет на еден проект не треба да го надминува износот од 61 450 денари.

Времетраење на проектите

Грантистите ќе бидат известени за резултатите до 20.06.2020, а се очекува, идеите да се реализираат во рок од 3 месеци, односно, до 01.07.2020 до 30.09.2020. Исходот од проектите ќе биде презентиран на јавен настан.

Тек на проектот

Грантистите за реализација на своите проекти ќе имаат можност  да  користат простор и опрема: камери, микрофони, аудио опрема и слично. Доколку биде успешен, вашиот проект ќе биде прикажан или презентиран во рамките на ЛГБТИ и / или други филмски фестивали и / или културни уметнички настани во Македонија и Балканот, како и промовиран преку разни медиуми канали и / или галерии, во зависност од формата.

Информации

За какви било прашања или проблеми, Ве молиме контактирајте не на е-пошта – info@lgbti.mk.

Youth Artivists for Change

Грантовите се достапни како дел од проектот Млади артивисти за промена (Youth Artivists for Change) поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, а во Република Северна Македонија спроведуван од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Субверзивен Фронт и Скопје Филм Фестивал во партнерство со организацијата Stichting Art 1. од Холандија.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени