Отворен повик за мали грантови во областа на ЛГБТИ културата и уметноста во рамки на проектот Млади артивисти за промена (Youth Artivists for Change)

ЛГБТИ Центарот за поддршка во рамки на проектот Млади артивисти за промена (МАП), ги повикува сите заинтересирани ЛГБТИ луѓе, активисти, уметници и културни работници на возраст од 18 – 25 години, на територијата на Република Северна Македонија, да аплицираат за мали грантови (до 1000 евра) со цел да се реализираат краткорочни проекти во областа на  ЛГБТИ уметноста и културата.

Повикот е отворен за сите млади луѓе кои сакаат да земат учество во ЛГБТИ активизмот и преку својата уметност да адресираат и актуализираат прашањата и проблемите на ЛГБТИ заедницата. Во предвид ќе се земат проектните идеи кои ќе продуцираат: краток филм, документарец, подкасти, раскажжување на приказни (сторителинг) или други креативни решенија, во визуелна и аудио форма, за кои апликантите сметаат дека се релевантни и интересни.

Кој може да аплицира на овој повик?

На повикот се поканети да аплицираат млади луѓе (од 18 – 25 години) кои живеат на територијата на Република Северна Македонија. Сите заинтересирани треба да пополнат google форма која може да ја отворите со кликање на следниот линк. Рокот за поднесување на проектните идеи е 25.11.2019.  Ве молиме, при пополнување на формуларот, образложете ги вашите одговори за да ни дадете појасна слика за тоа што сакате да создадете и да постигнете. Формата мора да биде пополнета на македонски или англиски јазик.

Достапен фонд

За овој повик имаме обезбедено вкупен фонд од 6000 евра во денарска противвредност и планирано е да се поддржат 6 проекти. Вкупниот буџет на еден проект не треба да го надминува износот од 1000 евра во денарска противвредност. Ве молиме, при креирање на буџетот, имајте на ум дека колку е поекономичен вашиот проект, толку повеќе млади ќе имаат корист од овие микро грантови.

Времетраење на проектите

Грантистите ќе бидат известени за резултатите до 30.11.2019, а се очекува, идеите да се реализираат во рок од 1 месец, односно, до 31.12.2019. Исходот од проектите ќе биде презентиран на јавен настан.

Тек на проектот

Грантистите за реализација на своите проекти ќе имаат можност  да  користат простор и опрема: камери, микрофони и компјутер. Доколку биде успешен, вашиот проект ќе биде прикажан или презентиран во рамките на ЛГБТИ и / или други филмски фестивали и / или културни уметнички настани во Македонија и Балканот, како и промовиран преку разни медиуми канали и / или галерии, во зависност од формата.

Информации

За какви било прашања или проблеми, Ве молиме контактирајте не на е-пошта – info@lgbti.mk.

Млади артивисти за промена (Youth Artivists for Change)

Овие мали грантови се достапни како дел од проектот Млади артивисти за промена (Youth Artivists for Change) поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, а во Република Северна Македонија спроведуван од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Субверзивен Фронт, Скопје Филм Фестивал и Квир Сквер во партнерство со организацијата Stichting Art 1. од Холандија.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени