Периодичен извештај за работата на Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија

Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата (НМХТ) е неформална мрежа на здруженија на граѓани и неформални групи кои здружено работат на унапредување на гарантирањето и уживањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија.

Согласно Статутот на НМХТ, Комитетот во соработка со Генералниот секретаријат го подготвува годишниот извештај за работата на НМХТ, стретешкиот план, годишните програми, буџетот и измените на статутот и другите стратешки и оперативни документи на НМХТ, прибира средства за реализација на целите и активностите на НМХТ. Генералниот секретаријат може да изготвува и периодични извештаи кога за тоа има потреба, а заради поголема транспарентност пред членките. Генералниот секретаријат во моментот е кај ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Во периодот од март до крајот на август, 2020 година, НМХТ спроведуваше повеќе активности, учествуваше во активности на други мрежи и организации, спроведуваше кампањи на социјални медиуми, учествуваше во работна група, подготвуваше реакции и соопштенија за релевантни теми, одржуваше тековни состаноци, одржа Годишно собрание, одржа стратешко планирање, организираше обука за застапување и креирање на Акциски план за застапување. Најголемиот дел од активности се спроведуваа во рамките на проектот „Зајакнато вмрежување за зајакнато ЛГБТИ движење” кој се спроведуваше со финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“. 

Целосниот периодичен извештај е достапен на следниот линк: Извештај за работата на НМХТ за шест месеци

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени