Повик за учество на викенд-обука од областа на сеопфатното сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. 
  • Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРА Млади.

Обуката ќе се одржи на 14 и 15 декември 2019 година во Скопје со пристигнување на 13 декември. Сите трошоци за пат, храна и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА, а учесниците кои ќе ја поминат обуката ќе добијат сертификат.

Ги покануваме сите млади кои:

  • се на возраст од 16 до 23 години од цела територија на Северна Македонија, (посебно ги охрабруваме младите кои се идентификуваат како ЛГБТИ+)
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права,

да се пријават на оваа обука со испраќање на ПРИЈАВА за присуство на врсничката едукација најдоцна до 8 декември 2019 година 17:00 часот на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk и на jovana.jovanovska@mhc.org.mk со назнака на пораката Пријава за обука за ССО.

Ве молиме да наведете телефон за контакт и е-адреса.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени