ПОВИК/CALL – A POST-SOCIALIST QUEER COMMENTARY

(eng below)

Колективот queerANarchive ги повикува сите квир уметници да се пријават на повикот за излагање на групна изложба со работен наслов – A post-socialist queer commentary, која ќе се одржи во 2021 година во Младинскиот Центар во Сплит, Хрватска. Манифестацијата е дел од програмата qIZLOŽBE која колективот ја спроведува од 2013 година и претставува прва групна изложба организирана во рамките на оваа програма.

Повикот е отворен за сите уметнички и активистички медиуми и формати, а нашата желба е да ги истражуваме, тестираме и популаризираме креативните методи и пристапи на отпор кон авторитарните политички тенденции, да ги доведеме во прашање хиерархиите и процесите на нормализација кои влијаат врз животот на квир луѓето.

Темите кои сакаме да се актуализираат:

  • Промени во начинот на кој квир луѓето се  идентификуваат и како тие ги градат своите идентитети, врската помеѓу афективните, сексуалните и еротските модели на однесување и начините на поврзување, живеење заедно и градење заедница.
  • Животите на квир луѓето, со особен акцент на непривилегираните, лица кои се справуваат со родово насилство, хомо/трансфобија, економска нестабилност и социјални асиметрии во ера во која десницата е во подем и сведочиме мерки за штедење и изолација, враќање кон традиционалните вредности и воспоставување на авторитарни конзервативни режими.
  • Можности и модели на постоење на мноштво квир животи надвор од западните парадигми и неолиберални економии, со посебен акцент на спецификите на квир животот во пост-социјалистичките социјални средини.

Повикот се заснова на концептот за манифестацијата дизајниран од визуелната уметничка – Маша Годованаја (Masha Godovannaya) во соработка со колективот queerANarchive.

Апликациите за повикот треба да содржат концепт и технички опис на работата, кратка биографија на апликантите и фотографии, скици и/или видеа од работата. Апликациите се испраќаат преку е-пошта – queeranarchive@gmail.com, заклучно со 31 јули 2020 година. Апликациите ќе бидат прегледани од тимот на queerANarchive, а апликантите ќе бидат известени за резултатите во средината на август 2020 година.

Работата на queerANarchive колективот е поддржана од Фондацијата Kultura Nova. Повикот беше креиран со поддршка на програмата I-Portunus на Европската комисија.

Повикот може да го пронајдете – тука.


ENG

The queerANarchive collective invites queer artists to apply for a group exhibition with the working title – A post-socialist queer commentary. The exhibition will take place in 2021 at the Youth Center in Split, Croatia. The event is part of the qEXHIBITIONS program that has been ongoing since 2013, and is the first group exhibition organized within this program. Applications are open to all artistic and activist media and formats.

Our desire is to explore, test, and popularize creative methods and approaches of queer resistance to authoritarian political tendencies, to question hierarchies and normalization processes that affect queer lives.

The topics we want to deal with are:

  • Changes in how queer people identify and how their identities are constructed, the connections between affective, sexual, and erotic behaviors and ways of connecting, communal living, and building community.
  • The lives of queer people, with an emphasis on the underprivileged, marked by gender-based violence, homo/transphobia, economic instability and social asymmetries in an age of extreme right-wing developments, austerity measures, a return to traditional values ​​and the establishment of authoritarian conservative regimes.
  • The possibilities and models of the existence of a multitude of queer lives outside of Western paradigms and neoliberal economies, with special emphasis on queer life in post-socialist environments.

The invitation is based on the concept for the event which was designed by visual artist Masha Godovannaya for and in collaboration with the queerANarchive collective.

Applications for the call should contain the concept and technical description of the work, a short biography of the applicant, and photographs, sketches and/or videos of the work. Applications should be sent via email, to queeranarchive@gmail.com, by July 31, 2020 at the latest. Applications will be evaluated by the queerANarchive team and applicants will be notified of the results in mid-August 2020.

 

 

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени