Прајд марш во Њу Делхи како поддршка за борбата против криминализацијата на истополов однос во Индија

„Се бориме за да го добиеме елементарното човечко право на рамноправност, за да можеме да живееме во оваа држава како индивидуи кои се еднакви со останатите. Сите заслужуваат да живеат онака како што сакаат, и како што заслужуваат.“.

Минатата недела стотици геј активисти облечени во боите на виножитото излегле во центарот на главниот град на Индија со цел да ја изразат својата поддршка кон ЛГБТИ+ заедницата. Имено, овој историски момент за геј-историјата на целата држава беше предизвикан како резултат од револтот на малцинството кое живее во општество каде нивните права се целосно компромитирани.

Новинарите откриваат дека за време на веќе десетиот марш на гордоста во Њу Делхи, поголем број од луѓето изјавиле дека се во шок и неверување од фактот дека хомосексуалните активности кои би паднале пред очите на претпоставените на градот би биле казнети законски.

Tish Anand, еден од стотиците активисти, кој е подолу на сликата, е само едно од лицата кои служат како пример за видливост и гордост во Индија.

Иако во 2009 година, според Високиот суд на Њу Делхи, законот бил прогласен како неуставен, после четири години станал повторно активен. Минатата година Судот изјавил дека истиот повторо ќе биде разгледан.

Иако не е изненадување, да се биде дел од ЛГБТИ+ заедницата сеуште се смета како нешто срамно. Голем број на геј лица се дел од големата неправда наметната од општеството во кое живеат. Настани како горенаведениот помагаат да се промени менталитетот во една заедница, и затоа се од толкава важност.

Извор: http://www.independent.co.uk/news/world/asia/india-gay-pride-march-new-dehli-lgbt-rights-protest-decriminalisation-homosexuality-a8052366.html

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени