Сервиси

Бесплатна помош од областа на социјална работа

 

ЛГБТИ Центарот за поддршка обезбедува бесплатни услуги од доменот на социјалната работа, секој работен ден од 09.00 ч. до 22.00 ч. Во случај да имате потреба од советување за Вашите права на парична помош од социјална заштита, придружба до институции за остварување на правата од социјалната заштита како и социјално советување, добредојдени сте да се обратите во Центарот каде соодветно ќе Ви биде понудена потребната поддршка и помош. За сите информации, Ве молиме обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 66 66 6 или на мобилниот број 071/210-475.

 

Бесплатно психолошко советување

ЛГБТИ Центарот за поддршка, обезбедува бесплатно психолошко советување за ЛГБТИ лица кои се соочуваат со предизвици во секојдневното функционирање. Ќе добиете услуга од психолог кој работи во Центарот, а вие можете да зборувате за вашите потреби, односно потешкотиите со кои се соочувате. Добредојдени сте да закажете термин секој ден од 09.00ч. до 22.00ч. Бесплатните сесии се одржуваат по 17.00 часот. За сите информации, Ве молиме обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 66 66 6 или на мобилниот број 071/210-475.

 

Бесплатна правна помош

Tимот за давање бесплатна правна помош при ЛГБТИ Центарот за поддршка е достапен секој работен ден од 09.00 ч. до 22.00 ч. Во случај на неправеден третман, дискриминациски однос или употреба на насилство заради Вашата сексуална ориентација и/или родов идентитет, добредојдени сте да се обратите во Центарот и соодветно да Ви биде понудена поддршка и помош. За сите информации, Ве молиме обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 66 66 6 или на мобилниот број 071/210-475.