Сите држави во ЕУ мора да ги признаат правата на сите истополови брачни парови за слободно движење

Терминот “брачен другар” во смисла на одредбите на правото на ЕУ за слобода на живеење за граѓаните на ЕУ и членовите на нивните семејства ги вклучува брачните другари од ист пол” –  наведе Судот на правдата на Европската Унија во својата одлука која ја донесе на 5-ти Јуни. Со оваа одлука судот за прв пат го додефинираше терминот „брачен другар“ за потребите на слободата на движење забележувајќи дека „Во директивата за остварување на слободата на движење терминот „брачен другар,“ кој се однесува на лицето кое склопило брак со друго лице, е родово неутрален и со тоа може да се однесува и на истополов брачен партнер на граѓанин на ЕУ…“

Со ваквата пресуда сите земји-членки на ЕУ, како и оние кои во иднина ќе станат членки, се задолжуваат да ги третираат двојките од ист пол на еднаков начин како и двојките од различен пол во остварувањето на нивната слобода на движење. Брачните партнери на истополови државјани на ЕУ сега мора да бидат признаени и да добијат права за престој на еднаква основа. Оваа пресуда е особено значајна за истополовите семејства, бидејќи ја отстранува правната несигурност која овие семејства ја имаа по однос на ова прашање и обезбедува заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација.

Случајот го водеа Адријан Коман и Клаи Хамилтон, поддржани од романската ЛГБТИ организација Accept и успеаја да извојуваат голема победа за двојките од ист пол низ цела Европа. Почнувајќи од овој момент, сите норми на ЕУ кои се однесуваат на сопружниците треба исто така подеднакво да се однесуваат на сите семејства од ист пол.

Романија е една од шестте држави-членки на ЕУ заедно со Полска, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, кои не ги признаваат истополовите парови и моментално се наоѓа на 35-тото место од 49-те земји на ранг-листата за ЛГБТИ закони и политика на мапата на ИЛГА-Европа.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени