Стотици лезбејки* ќе се сретнат во Украина по повод ЕЛ*K 2019

Во очи Киевскиот Прајд кој ќе се оджи овој викенд, ЕЛ*К (Европската лезбејска* конференција) со големо задоволство најавува дека втората по ред конференција ќе се одржи од 12 до 14 април 2019, во главниот град на Украина.

Што е ЕЛ*К?

Првата Европска лезбејска* конференција (ЕЛ*K) се одржа во октомври 2017. година во Виена (Австрија). Петстотини лезбејки политичарки, уметници, новинарки, академици од Европа и Централна Азија се собраа на многу успешен, историски и медиумски широко покриен настан. “Првата конференција јасно покажа дека постои голема потреба да се посвети поголемо внимание на ситуацијата во која се наоѓаат лезбејките во сите земји низ Европа и Централна Азија, изјави Силвиа Касалино, претседавачка на ЕЛ*K. Пораката која ја слушнавме од над илјада лезбејки од Европа и Централна Азија е дека е потребно да се формира лезбејска мрежа и да се организира втора конференција”.

Првата ЕЛ*К поттикна серија позитивни чекори во насока на унапредување на позицијата и видливоста на лезбејките во Европа и Централна Азија, како што беше првото воопшто одбележување на Денот на лезбејската видливост во Европскиот парламент на 26. април.

 

Зошто е избрана Украина за одржување на втората Европска лезбејска* конференција?

Резултатите од изборите во многу европски земји во последните неколку месеци доведоа на власт поединци и движења кои се многу опасни за ЛГБТ луѓето и жените, а кои се особено непријателски насочени кон лезбејките. За да се спротивставиме на овој тренд, како и да прикажиме друго лице на Европа, еден месец пред изборите за Европскиот парламент 2019. година, во Киев ќе се одржи втората Европска лезбејска* конференција. “Украина е најдоброто место за одржување на конференцијата во смисла на геополитичката ситуација, објаснува Олена Шевченко, украинската претставничка во одборот на ЕЛ*К / тоа ќе ни овозможи да ги поврземе Западот и Истокот и да воспоставиме дијалог”.

“Лезбејките во Украина се невидливи и представуваат најранлива заедница која е стигматизирана, често жртва на дискриминација и домашно насилство, како и на прекршување на сексуалните и репродуктивните права, додава Олена Шевченко. Зборот “лезбејка” е стигматизиран и се смета за погрден збор, па често лезбејките го користат зборот “геј”, што исто така ја прави лезбејската заедница дополнително невидлива и го спречува исполнувањето на потребите на лезбејките. Во таква ситуација сметаме дека Европската лезбејска* конференција ќе претставува голем исчекор во поглед на видливоста, јасно изразените потреби на лезбејките и градењето на заедница во Украина”.

Повеќе информации за Европската лезбејска* конференција

Web: Europeanlesbianconference.org

Twitter: @eurolesbiancon

Facebook: European Lesbian Conference

Последниот извештај како и линкови до медиумски објави за ЕЛ*К:

https://europeanlesbianconference.org/wp-content/uploads/2018/02/ELC-2017_Narrative_Report-1.pdf

 

Членови на управниот одбор на ЕЛ*К:

Михаела Деспан, Алис Кофин, Анастасиа Данилова, Аурора Баба, Биљана Гинова (Секретар), Дети Гоулд, Драгана Тодоровиќ, Фаика Ел-Нагаши, Ѓулзада Серзхан, Хенри Денис, Илариа Тоде, Џоел Самби Нзеба, Карима Захи, Ксенија Кириченко, Лејла Лохман, Луис Лохман (Благајничка), Микаела Тулипан, Мохира Сујаркулова, Олена Шевченко, РондаДивајн, Силвија Касалино (Претседавачка), Кика Фумеро, Марта Гернандез Хераиз.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени