Трансродовоста се отстранува од листата на ментални нарушувања на Светската здравствена организација!

Светската здравствена организација вчера објави онлајн верзија на Меѓународната класификација на болести во која се отстранети трансродовите категории од поглавјето на ментални нарушувања. Собранието на СЗО треба оваа измена да ја изгласа во мај 2019 година. Ова е историско достигнување за кое глобалната транс заедница се бореше со години. Во новата класификација, сите транс-поврзани категории се отстранети од поглавјето „Ментално и бихевиорално нарушување на здравјето”, а истовремено воведени се нови категории поврзани со трансродовоста: „Родово несогласување на адолесценцијата и зрелоста” и „Родова недисциплина на детството”, кои се ставени во поглавјето „Услови поврзани со сексуалното здравје”.

Присуството на трансродовоста на листата на ментални нарушувања во минатото придонесе кон дискриминација, насилство и вознемирување на транс заедницата, на кои се надеваме им доаѓа крај. Отстранувањето на трансродовоста од меѓународната класификација на болести се надеваме дека долнително ќе придонесе во ставањето крај и на присилната стерилизација, конвертибилните терапии и принудната медикализација на кои трансродовите луѓе во многу држави се изложени.

Првиот и многу важен чекор е направен, но борбата продолжува до целосно исполнување на човековите права на трансродовите луѓе.

Во Македонија сè уште нема Закон за правно признавање на родот и трансродовите луѓе сè уште секојдневно се изложени на вознемирување и непријатни ситуации секој пат кога ќе треба да користат документ за лична идентификација во кој родовата маркица не соодветсвува со нивното родово изразување.  Донесувањето на таков закон, ќе придонесе за значително подобрување на статусот и пристапот до права за трансродовите луѓе во државава и прифаќање на родовата различност.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени