Тримесечник за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето

Овој извештаен период со сигурност го одбележа укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Уставниот суд во месец мај. Со укинувањето на овој долго подготвуван закон се остави правна празнина во нашето законодавство во оваа област, а непостоењето на Комисија за спречување и заштита од дискриминација повеќе од една година, само придонесува кон правната несигурност кај граѓаните. Во моментот закон за дискриминација не постои, но постојат меѓународни инструменти кои можат да се применуваат во заштитата од дискриминација од страна на судовите и телата за еднаквост. Во меѓувреме во Северна Македонија се подготвуваат избори и продолжува борбата со Ковид-19, а во ваков контекст исклучително е тешко да се застапува за подобрување на состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето.

Во текот на месец јуни се одржа и дигиталниот Скопје Прајд со голем број на онлајн содржини во духот на гордоста и протестот за ЛГБТИ еднаквост. Месецот на гордоста ги славеше успесите, но сепак најголем фокус имаше на предизвиците поврзани со укинатиот закон, изборот на новиот Парламент, борбата со Ковид-19 и информативни содржини за целата заедница.

Целосниот извештај може да се преземе на следниот линк

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени