УМЕТНОСТА МЕНУВА: ПОВИК ЗА АРТ/АКТИВИСТИЧКИ РАБОТИЛНИЦИ

Драги наши,

ЛГБТИ Центарот за поддршка објавува отворен повик за млади заинтересирани за арт/активистички работилници!

Работилниците се во склоп на проектот „Градење на капацитети на младински работници во областа на младинска работа со ЛГБТИ луѓе“ финансиран од Еразмус+ програмата, а имплементиран од страна на Grupa IZAĐI од Србија во партнерство со повеќе организации од регионот, а меѓу кои и ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Работилниците ќе бидат насочени кон обработување на важни општествени теми (хомофобија, трансфобија, феминизам, родов идентитет и родово изразување…) преку филм, дискусија, перформанс, фотографија…листата е бесконечна. Уметноста е силен медиум преку кој можеме да ги искажеме нашите идеи! Уметноста менува!

Ќе биде одржана серија од 15 до 20 работилници во периодот од втората половина на мај 2018 па се до крајот на годината, а термините ќе ги договориме заедно со учесниците на работилниците.

Сите заинтересирани можат да се пријават на info@lgbti.mk со праќање на кратка биографија, мотивот за да се пријават на работилниците и  неколку реченици за тоа какви теми сакаат да видат на работилниците.

Повикот е отворен за сите заинтересирани на возраст од 18 до 30 години.

Пријавувањето ќе трае до 27.05.2018!

 

Анамарија Спасевска и Јана Тодоровска,

Волонтерки во ЛГБТИ Центарот за поддршка

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени