Десничарска француска градоначалничка одбива да венча лезбејски пар

Десно ориентирана градоначалничка на југот на Франција одби да венча лезбејски пар во знак на протест против законот за истополови бракови кој го донесе социјалистичката влада на Франција. Парот побарал од регионалните власти да ја принудат градоначалничката на Болен, Мари-Клод Бомпар да го почитува законот.

Амандин Жил, 33, и Анжелика Леру, 27, би сакале да се венчаат во нивниот роден град во југоисточна Франција на 10ти септември.Но во петокот, Бомпар се сретнала со нив и им рекла дека нема да ја изврши церемонијата затоа што тоа било против нејзините религиозни принципи.Таа исто така одбила да ја делегира оваа должност на друг службеник, иако законот и’ го дозволува тоа.

Бомпар е членка на десничарскиот дел од Националниот фронт на Марин ле Пен, наречен Јужна Лига, предводен од нејзиниот сопруг, Жак.Жак Бомпар, кој работи во градот Оранж, исто така одбил да венча геј пар, но ја пренел обврската на колега службеник.

Обвинувајќи ја владата за закани со „несоодветни и нелегитимни“ санкции против градоначалници кои одбиваат да го спроведат законот за истополови бракови, Директорот за комуникации на Советот на Болен, Жан Валие, тврди дека противењето на градоначалничката е „поради нејзината совест“.

Градоначалникот на градот Сен Сатурнен ле Авињон, Бернар Гудон, и’ се јавил на двојката со понуда тој да ја изврши церемонијата, но тие имале испратено допис до префектот на регионот со барање Мари-Клод Бомпар да ги исполни своите законски обврски.

Бомпар претходни изјави дека ќе побара од префектот да назначи некој друг за вршење на церемонијата.

Жил и Леру изјавиле за весникот Воклуз Матин дека добиле огромна поддршка од локалните жители, започнувајќи од поштенскиот службеник на кој ги предале писмата за префектот, во саботата.

Се одржале масовни протести против законот за истополови бракови по неговото поминување во Парламентот, а дебатата по ова прашање создаде голем конфликт меѓу десницата и левицата.

За оригиналната вест кликнете тука.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика