,,Геј затворско крило‘‘ – нова социјална заедница

Новинари од магазинот LA Weekly направија репортажа за атмосферата и екипата во ,,геј крилото‘‘ во машкиот затвор во Лос Анџелес, еден од најголемите и најопасните затвори во светот во кој се сместени околу 5000 затвореници. Многумина од нив се подготвени да лажат дека се геј, само за да бидат сместени во тоа исклучително затворско крило.

Откако затворениците добијат казна и се насочени во машкиот затвор во Лос Анџелес, затворениците можат да се изјаснат дали се геј, бисексуалци, трансроводи лица и потоа се распределени во единицата со име К6Г. Тоа т.н. геј крило или К6Г е основано во 1985 година, по налог на суд, откако била поднесена тужба од страна на тамошните претходни затвореници за злоставувањето кое го трпеле затворениците, а во единицата просечно се сместувале околу 400 затвореници.

Новинарската екипа била дочекана од Јах Јах, односно Дејв Вилијамс, трансродна затвореничка, која фигурирала како вистински водич во геј крилото. Со долга коса, нашминката и со става која може да ја воодушеви и Наоми Кембел, Јах Јах тргнала во прошетка по импровизираната модна писта во просторот помеѓу другите затвореници, кои френетично ја поздравувале. Облечена во мини фустан, со соодвтени рачно изработени ракавици, Јах Јах била вистински добро расположена. Редот за прошетка по таквата импровизирана писта, го чекале нејзините транс пријателки, кои откако ги забележале камерите на магазинотL.A. Weekly, веднаш се подготвиле за прошетка. 

Ништо слично не постои во ниту еден друг затвор од поголемите американски затвори

,,Дозволено ни е да зборуваме и да бидеме со кого сакаме, секако во границите на пристојноста‘‘ појаснува Јах Јах. 

Оваа ситуација се чини невозможна, кога станува збор за еден од најозлогласените затвори во светот, опремен со 1000 камери и околу 500 затворски чувари, каде што и покрај ваквите мерки затворениците некако успеваат да влезат во конфликти и дури да се убиваат меѓусебно. Само оваа година, 7 затвореници се оптужени за потреба на прекумерна сила. 

,,Во другите делови од затворот постојат обиди за шверцување на дрога и цигари, а тоа не се случува во нашето крило. Ако воопшто постојат намери за швер, тоа веројатно е шверцувањето на фустани и градници‘‘ – се сеќава Данкан Реј, британски филмски продуцент, кој поминал 89 дена во К6Г. 

Тоа е вистинска реткост, ако не и супкултура, едно опкружување од единствен тип кое го нема во другите поголеми американски градови. Ништо слично не постои во ниту еден друг затвор од 21 поголемите затвори во САД. Во затворот во Сан Франциско постои еден посебен простор за дневен престој наменет за трансродовите затвореници и затворенички, но тоа не важи и за геј затворениците кои живеат со останатите. Во њујоршкиот затвор Rikers Island, каде што слично геј крило беше затворено во 2005 година, портпаролот на затворот по тој повод, исмевајќи се, изјави дека ,,тој што одлучува кој маж треба да биде сместен во затворското геј крило, треба да има одличен геј-дар.‘‘

EXCLUSIVE: Inside the Gay Wing of L.A. Men’s Central Jail from Voice Media Group on Vimeo.

Зад решетките процветала нова социјална заедница

Портпаролот на затворот во Лос Анџелес, шегувајќи се изјави дека ,,бројот на затворениците во тој затвор е толку голем, што е сосема нормално да се отвори и крило за левораките играчи на фризби од Албанија‘‘, говорејќи дека во помалите затвори нема простор за посебни групи. Најсличен на овој пример, може да се најде во Детроит, каде што се наоѓаат неколку посебни ќелии за геј и трансродови затвореници.

Но тој ,,ќош‘‘ од лосанџелескиот затвор не е само сигурен простор, туку започнал да биде и – изненадувачки за самите затвореници – место каде што процветала нова социјална заедница. Често се случувало, откако некои од затвореници се пуштени на слобода, намерно да ги прекршат законите за да можат да и‘ се вратат на ,,љубовта‘‘ создадена во геј крилото, која секогаш ги чека таму. И овде, секако, се присутни несогласувањата, па и повремено насилство, но постои многу повеќе пријателство, заедништво, љубов и едно непишано правило кое не е штетно за никого, а тоа е слободата затворениците да бидат облечени како модели и креативно да го уредуваат просторот. 

,,За некои, ова е единствениот дом, затоа што нивните родители се откажале и ги отфрлиле, и ние всушност сме нивната единствена фамилија‘‘ појаснува Јах Јах, која прв пат завршила во затвор на 22 година, а сега зад неа се веќе 20 години поминати во затвор. Во нејзиниот случај имало тужби за обични кражби, па се‘ до шверцување на дрога. Таа во затворската ЛГБТ заедница станала како некаква сурогат мајка. 

,,Ги нарекувам ,,свои деца‘‘, се трудам да им пружам љубов која има била скратена од нивните родители‘‘ дополнува, смеејќи се гордо. 

Дури и некои од хетеро затворениците се обидуваат да се приклучат во ова затворско крило, воглавно заради зголемениот степен на несигурност, откриваат затворските чувари. Дури, постои и службеник за откривање на хетеро затворениците кои некако се дел од ова крило, кои се тестирани низ прашања околу геј културата. 

Семејна вечера, венчавање, модни ревии… 

Убавите транс затвореници, исто така се една од причините заради кои хетеро популацијата сака да биде сместена во К6Г, но главната причина е секако фактот дека овој дел од затврот е помалку опасен или похуман за престојување. 

Јах Јах е избрана како некаква водачка, наречена House Mouse, при што на тој начин самата обезбедува некакво влијание во К6Г. Продуцентот Данкан Рој појаснува дека Јах Јах е на границата помеѓу затвореничка и затворска службеничка: Зависи од тоа колку е успешна во преговорите, кога говори во име на сите затвореници, за да може да се одреди квалитетот на животот кој се има во тој дел од затворот. 

Еден од затворските чувари, за новинарската екипа открива како во геј крилото преку различни активности, се трудат да ја ,,разблажат‘‘ лошата средина. Така, на кровот каде што се поставени справи за вежбање, тие го искористиле просторот за играње на шипка. И тука не престанува забавата, во геј крилото секој петок се одржуваат семејни вечери, се организираат модни ревии и некој начин на speed dating. Дури и венчавањето е прилично вообичаено за геј крилото, а затворските чувари се на сведоци на церемониите каде што затворениците прават чуда – користејќи ја постелнината за да направат венчални фустани и смокинзи. 

Затворот е сепак затвор

Технички гледано, затворениците го уништуваат државното сопствеништво претворајќи го во нешто сосема друго, но тоа за нив е една од ретките можности да ја искажат својата креативност. Слушајќи го ова, за секого вон затворските ѕидини, може да се чини дека геј и трансродовите затвореници се однесуваат спротивно од очекуваното за некого кој е долго време зад решетките. Всушност, тој затвор низ долги години е афирмиран како екстремно насилен, независно дали станува збор за затворениците или чуварите. Тој проблем е променет со одлуката од 1985 година, за воспоставување на посебно крило за геј и трансродовите лица. 

Во остатокот од затворот, се‘ уште на сила е илегалниот закон кој важи за водачите на бандите, при што се вклучени тајни пораки помеѓу затворениците, шверцување на дрога, и наредби за бодежи до смрт. Тоа не се случува во геј крилото, туку проблемите се решаваат со House Mouse.

Одлука да се направи нешто добро за себе 

Околу 150 затвореници, од вкупно 400, кои престојуваат во геј крилото, се одлучни за тоа да направат нешто добро за себе и организираат програма која може да почне и во зори, односно околу 5 часот наутро. Затоа и кафето е еден од најпосакуваните продукти. 

Преку програмата на затворениците, тие треба да завршат задолжително средно образование, да одат на анонимните состанци за алкохоличари и корисници на дроги, и да присуствуваат на некои стручни натпревари. 

,,Не знам дали некогаш ќе успее, полно размислувам за тоа. Се борам да се прифати она на што ги советувам другите. Не сум толку голем корисник на дрога, колку тоа е дел само од мојот животен стил. Секој пат кога излегувам од затвор, како да го слушам гласот кој ми говори – колку ќе издржиш сега додека не те фатат повторно?‘‘ кажува преку плачење Јах Јах. 

,,Само сакам да бидам среќна, тоа е се‘ што сакам. Не сакам повторно да завршам во затвор. Сакам само да дојдам овде, да се прошетам во штикли, облечена во сопствената облека, држејќи предавања и обуки околу тоа дека сум била веќе ,,овде‘‘ каде што се останатите и тоа можеме сите да го направиме заедно. Ете, тоа би сакала да го правам.‘‘ открива Јах Јах 

Извор: www.crol.hr

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика