Годишен извештај за човековите права во Република Македонија 2013

Соодветно на својата мисија да врши мониторинг на состојбите со човековите права и слободи во Република Македонија, Хелсиншкиот комитет секоја година објавува Годишен извештај во кој ги изнесува своите ставови и мислења по однос на сите области во кои човековите права и слободи биле засегнати. Извештајот за 2013 година претставува воедно и сублимат на работата на Комитетот во текот на целата година од аспект на следење на човековите права и слободи, а за кои известувавме во месечните извештаи. 

Годишниот извештај претставува сублимат на анализи за констатираните состојби со човековите права во следните области: 

• Судство • Законодавство • Полициско постапување • Затворени установи • Дискриминација • Кривични дела сторени од омраза • Економски и социјални права • Граѓански и политички права и слободи • ЛГБТИ Заедница

Ценејќи дека Уставот и ратификуваните меѓународните договори ја гарантираат можноста за остварување и заштита на слободите и правата на луѓето, Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да ги следи состојбите со човековите права и да врши нивна промоција и да обезбедува правна заштита на граѓаните чии права и слободи се повредени. 

Годишниот извештај можете да го преземете на следниов линк.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика