Годишен извештај за човековите права во Република Македонија во 2012

Соодветно на својата мисија да врши мониторинг на состојбите со човековите права и слободи во РМ, Хелсиншкиот комитет секоја година објавува Годишен извештај во кој ги изнесува своите ставови и мислења по однос на сите области во кои човековите права и слободи биле засегнати. Извештајот за 2012 година претставува воедно и сублимат на работата на Комитетот во текот на целата година од аспект на следење на човековите права и слободи, а за кои известувавме во месечните извештаи. 

 

Оценката е дека во 2012 година беа констатирани сериозни нарушувања на слободите и правата на граѓаните како и драстични повреди на принципот на владеење на правото и правната држава. Притоа, она што особено загрижува е дека во извештајната година регистрираните повреди на човековите права и слободи укажуваат не само на системски проблеми во функционирањето на органите и институциите туку и на злоупотреба на нивните надлежности. Годишниот извештај претставува сублимат на анализи за констатираните состојби со човековите права во следните области: 

• Судство • Законодавство • Полициско постапување • Лустрација • Дискриминација • Слобода на медиуми и слобода на изразување • Затворени установи • Економски и социјални права • Граѓански и политички права и слободи • ЛГБТ Заедница

Ценејќи дека  Уставот и ратификуваните меѓународните договори ја гарантираат можноста за остварување и заштита на слободите и правата на луѓето, Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да ги следи состојбите со човековите права и да врши нивна промоција и да обезбедува правна заштита на граѓаните чии права и слободи се повредени. 

Годишниот извештај можете да го преземете на следниот линк.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика