Исповед на Марија Шерифовиќ: Прекрасно е чувството да се биде со девојка!

Пејачката Марија Шерифовиќ, која изјави дека засекогаш си заминува од Србија, ја најави премиерата на долгоочекуваниот филм „Исповед“ во центарот „Сава“ пред преполната сала, со зборовите:

– Никогаш не знаев да губам! Отсекогаш газев се’ и победував само за себе!

Со цел први да ги дознаат шокантните факти кои пејачката ги изнела во филмот, но и да ја поддржат, во публиката се појавија многу јавни личности.

Меѓу првите пристигна нејзината мајка, Верица Шерифовиќ и братот Данијел, а по нив, вниманието на сите присутни го привлекоа колегите на Марија – Леонтина, Ванеса Шокчиќ, Зорица Брунцлик, Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, Снежана Ѓуришиќ, Злата Петровиќ, Буба Мирановиќ…

Светот на актерите го претставуваше младата Нина Јанковиќ, а сосема очекувано, филмот го проследија и колегите на Марија од бендот Бјути Квинс.

Во играно-документарниот филм, пејачката се изјасни дека е лезбејка, но зборуваше и за потресните моменти од детството и гневот кон татко си:

– Сум била со девојка и чувството е прекрасно! Добро е што нема брада што гребе – рече пејачката, истакнувајќи дека во долгите емотивни врски била изневерена, а потоа продолжи да зборува за проблематичниот однос со татко си.

– Татко ми беше коцкар и тоа многу не’ чинеше. Немаше граници со алкохолизмот, а кога мајка ми била деветти месец бремена, ја оставил и отишол со друга жена, со која го добил Данијел – раскажува Марија, додавајќи дека може да заборави, но дека никогаш нема да му прости што го растурил семејството!

Во „Исповед“ се овековечени зборовите на Верица, мајката на Марија:

– Имаше моменти кога маж ми Рајко толку ме тепаше што целата модра истрчував на улица и викав полиција!

Извор: http://labris.org.rs/ispovest-marije-serifovic-divan-je-osecaj-biti-sa-devojkom/

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика