Амбасадата на Кралството Холандија најостро го осудува саботниот напад на ЛГБТИ Центарот во Скопје, проект кој добива финансиска и морална поддршка од Амбасадата.
Ги повикуваме властите да ги осудат насилничките дејства кои ја загрозуваат сигурноста и безбедноста на граѓаните. Амбасадата исто така бара од надлежните да спроведат темелна истрага и сторителите да ги изведат пред лицето на правдата, како и да ги направат сите можни напори за да обезбедат заштита на имотот и личната безбедност на граѓаните, без разлика на нивниот социјален статус или убедувања.