„Ајде да излеземе!“ – Кралицата на ноќниот живот во Велика Британија со интервју за Gay Times

Jodie Harsh е музички продуцент и drag-изведувач од Велика Британија. Иако последниве неколку години со наглото популаризирање на реалното шоу RuPaul’s Drag Race станува се потешко за локалните drag-изведувачи да се во центарот на вниманието покрај сегашните ѕвезди на шоуто, ситуацијата е сепак меч со две острици.

Иако изведувачите кои биле дел од шоуто се најуспешните во оваа уметност, интересот за drag-уметноста како појава се повеќе се зголемува, и добива публика и надвор од ЛГБТ кругот, со што им се овозможува простор за успех на сите.

„Иако ни се потребни уште повеќе луѓе да ја продолжат нашата борба, мојата персона им овозможува ескапизам на луѓето кои се заинтересирани за она што го правам. Можеби не сум политички најактивното лице во оваа заедница, но затоа подарувам бесплатни насмевки на сите оние кои доаѓаат да ги гледаат моите настапи.

Треба да излеземе од нашите домови, да престанеме да гледаме во екраните на нашите телефони и да излеземе. На тој начин ќе го славиме нашето постоење, ќе се забавуваме, и се останато. Ајде да излеземе!“ – Изјави Jodie за Gay Times.

Извор: Gay Times

 

 

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени