Кампања против хомофобична црква

Црквата Westboro Baptist го изгради својот кредибилитет, во голем дел, преку навредувачките хомофобични слогани и различните ексцеси за време на настани на кои присуствуваат луѓе наклонети кон ЛГБТ заедницата. Според последните најави, тие реагираа и со такво навредувачко однесување и на погребот на глумецот Робин Вилијамс.  

Но одсега, во градот во кој е седиштето на црквата – Топек во Канзас, ќе бидат пресретнати од нови, мирољубиви слогани ,,Бог ги сака геј луѓето‘‘. Благодарејќи на иницијативата од социјалните мрежи, покрената е акција со цел прибирање на средства за голем билборд со содржина која ќе биде дијаметрално спротивна на слоганите на оваа црква.           

Досега се собрани 40 000 од потребните 50 000 долари, а ако се надминат овие средства, такви билборди ќе бидат поставени и во други градови во Америка, велат иницијаторите на кампањата. На нивната страница на фејсбук стои ,,Бог ги сака ЛГБТ луѓето. Уморен е од оваа место на фанатици и говор на омраза‘‘.

Инаку, црквата Westboro Baptist се смета за една од најрадикалните верски заедници во САД, а основана е во 1955 година од пасторот Фред Фелпс.

Извор: http://www.crol.hr

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика