Конференција 07.11.2013 – Кампања „Македонија има љубов за сите“

Хелсиншкиот Комитет и ЛГБТИ Центарот за поддршка, заедно со Front Line Defenders, изработија кампања во два дела. Првиот дел содржеше видеа со лични исповеди на ЛГБТИ лица жртви на насилство или лица чии блиски се ЛГБТИ кои биле жртви на насилство. Вториот дел на кампањата започнува од 8ми ноември и содржи видеа за поддршка од страна на познати личности, кои повикуваат на осуда на насилството, толеранција кон ЛГБТИ луѓето и го истакнуваат слоганот на кампањата – Македонија има љубов за сите. 

Кампањата доби свој простор на повеќе радио станици во Македонија, простор на интернет портали, како и своја веб страница, која содржи и петиција до премиерот и владата на РМ, за да сторат се’ што е во нивна моќ да се борат против насилството кон ЛГБТИ луѓето. Петицијата е достапна на три јазици и можат да ја потпишат сите кои поддржуваат живот без насилство.

Галеријата од кампањата можете да ја погледнете на следиот линк.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика