Lazy Sunday со Ана Мало

Драги пријатели,

Со цел да отвориме поголем простор за дружење, каде ќе се сплотуваат различни идеи, разменуваат искуства, раѓаат нови пријателства, а и да си ги разубавиме неделните попладниња, Ве покануваме на првиот Lazy Sunday кој ќе се случи оваа недела, 12 мај 2013г., во 17 часот.

Lazy Sunday е замислена како опуштено завршување на напорна работна недела,а воедно и полнење батерии за наредната, кое ќе се случува секое неделно попладне. Со оглед на тоа дека планираме да се забавуваме со супер музика, првава недела на менито ја имаме Ана Мало. 🙂 

За тие што сакаат да гледаат филм, на програма имаме и проекција на филмот „Минатата зима, одеднаш“, приказна на италијанските режисери Густав Хофер и Лука Рагаци, кој ќе почне во 20 часот. Проекцијата на филмот е поддржана од нашите пријатели од филмскиот фестивал за човекови права од Сараево “Pravo Ljudski“.

Се надеваме дека ова ќе биде само почеток на серија магични, долги, топли неделни патувања. Се гледаме во недела во Центарче! 😀

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика