Пријатно изненадувачко мнозинство од младите во Кина ги прифаќаат геј луѓето, според неодамнешно истражување.
Околу 87% од испитаниците изјавиле дека ги прифаќаат геј луѓето, споредено со оние 13% од испитаниците кои изјавиле дека не ја разбираат хомосексуалноста.
Истражувањето било спроведено од Baidu или кинеската верзија на Google и Wikipedia, и биле вклучени 7000 корисници на интернет, родени во 90-тите, при што одговарале на прашања поврзани со љубовта, пријателството, семејството, вработувањето, потрошувачката.
Она што е интересно од резултатите на истражувањето е конзервативноста и идеалистичкиот пристап на младите во Кина во однос на релациите, наспроти нивната отвореност кон хомосексуалноста. Така, три четвртини од испитаниците изјавиле дека преферираат врски со девици а 87% изјавиле дека сакаат да имат само една релација во нивниот живот, додека пак 72% од нив веќе имале две до четири романтични искуства.
Девет од десет испитаници изјавиле дека ќе го напуштат партнерот, ако ги изневерува, а 43% изјавиле дека би останале пријатели со нивните претходни партнери.
Извор: http://www.gaystarnews.com