Обука за лобирање и застапување

Денеска во ЛГБТИ Центарот за поддршка се одржа обука за лобирање и застапување. Шестчасовната работна сесија беше одржана од страна на Зоран Стојковски од ЦИРа, во рамките на ТАКСО.

Во рамките на обуката, како предмет на работа беше одбрана темата „Говор на омраза и злосторства од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“, поради актуелноста на темата, но и самата очигледна потреба од внесување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во македонското законодавство како основа за говорот на омраза и кривичните дела од омраза.

Стојковски по обуката го изрази своето задоволство од постоењето на ваквата програма на ТАКСО, со надеж дека тоа ќе доведе до јакнење на капацитетите на граѓанските организации во државава.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика