Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/load.php on line 643

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/theme.php on line 1556

Deprecated: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-mapper.php on line 111

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/plugin.php on line 233

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Лезбејки – LGBTI Macedonia http://lgbti.mk/old Sun, 12 Sep 2021 15:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.6.28 ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕРАСМУС + ПРОЕКТОТ: БАЈКИТЕ СЕ ЗА СЕКОГО (Fairy tales are for everyone) http://lgbti.mk/old/?p=2368 Thu, 28 Dec 2017 09:32:18 +0000 http://lgbti.mk//?p=2368 ЛезФем со задоволство ве поканува да се пријавите за учество во проектот Бајките се за секого кој во рамки на програмата Ерасмус+ го имплементираме заедно со организациите од регионот: Фондација ЦУРЕ од БиХ, НВО Јувентас од Црна Гора, ЦЕСИ – Центар за едукација, советување и истражување од Хрватска и Алтернативен центар за девојки од Србија.

Проектот вклучува учесници/ки од регионот кои сметаат дека во бајките од кои сме учелe не се рамноправно претставени сите етнички, родови, сексуални и други малцински групи, родовите се бинарно прикажани, и нема баланс во односот на моќта помеѓу мажите и жените, потполно исклучувајќи било каква можност за еманципација.

Целиот повик можете да го преземете на следниот линк.

]]>
„Ајде да излеземе!“ – Кралицата на ноќниот живот во Велика Британија со интервју за Gay Times http://lgbti.mk/old/?p=2326 Mon, 04 Dec 2017 14:24:57 +0000 http://lgbti.mk//?p=2326 Jodie Harsh е музички продуцент и drag-изведувач од Велика Британија. Иако последниве неколку години со наглото популаризирање на реалното шоу RuPaul’s Drag Race станува се потешко за локалните drag-изведувачи да се во центарот на вниманието покрај сегашните ѕвезди на шоуто, ситуацијата е сепак меч со две острици.

Иако изведувачите кои биле дел од шоуто се најуспешните во оваа уметност, интересот за drag-уметноста како појава се повеќе се зголемува, и добива публика и надвор од ЛГБТ кругот, со што им се овозможува простор за успех на сите.

„Иако ни се потребни уште повеќе луѓе да ја продолжат нашата борба, мојата персона им овозможува ескапизам на луѓето кои се заинтересирани за она што го правам. Можеби не сум политички најактивното лице во оваа заедница, но затоа подарувам бесплатни насмевки на сите оние кои доаѓаат да ги гледаат моите настапи.

Треба да излеземе од нашите домови, да престанеме да гледаме во екраните на нашите телефони и да излеземе. На тој начин ќе го славиме нашето постоење, ќе се забавуваме, и се останато. Ајде да излеземе!“ – Изјави Jodie за Gay Times.

Извор: Gay Times

 

 

]]>
Македонските лезбејки остануваат заробени и без скоро никаква заштита од дискриминација http://lgbti.mk/old/?p=1332 http://lgbti.mk/old/?p=1332#respond Fri, 30 Dec 2016 07:31:35 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/makedonskite-lezbejki-ostanuvaat-zarobeni-i-bez-skoro-nikakva-zashtita-od-diskriminacija/ Со Јована Аниниевска, активистка од ЛГБТИ Центарот за поддршка од Скопје, разговараме за ЛГБТИК правата во Македонија, за причините и последиците од нападите на Центарот, како и за тоа што досега е направено и што треба да се направи за безбедноста на ЛГБТИК луѓето во Македонија.

Јована ја запознав во Скопје кога бев во посета на ЛГБТИ Центарот за поддршка во мај оваа година. Си помислив “детево има 18 години и се занимава со активизам”! Останав вчудоневидена кога ми кажа дека има 26 години, дека има завршено право, дека за време на студиите живеела во Франција, а подоцна и во Мадрид на постдипломски студии, а по враќањето во Скопје почнала да работи во ЛГБТИ Центарот за поддршка. Од една страна, веднаш ме заинтересира нејзината приказна, ведрината и насмевката со која разговара, а од друга страна, сериозноста на аргументите кои ги произнесува. Јована ја сретнав неодамна на П2П конференцијата во Белград, каде што и се појави идејата за ова интервју. На конференцијата зборуваше за третманот на ЛГБТ темите во македонскиот медиумски простор и настојувањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка да добие свој простор и во него да организира настани со ЛГБТ содржини без оглед на очигледниот ризик, кој го потврдуваат недамнешните напади на просториите на Центарот, кои всушност се случуваат од самото отварање на Центарот.

 

1. Од каде желбата да се занимаваш со активизам после студиите во Шпанија, идејата да се вратиш на Балканот и во Македонија која на мапата на ИЛГА-Европа е претставена како нејнепогодна за ЛГБТИ правата? Кои ризици и одговорности ги носи тоа за тебе? Дали чувствуваш задоволство занимавајќи со со активизам?

Сестра ми беше таа која првично ме мотивираше да почнам со активизам. Пораснав со помала сестра која е слепа и се бори со системот од најрана возраст затоа што така мора. Уште во мојата осма година знаев дека нешто не функционира во општеството затоа што  забележав дека другите кон неа се однесуваат како да е помалку вредна. Живеев изгубена во предрасудите од околината додека сето тоа време таа се бранеше со силата на нејзиниот дух. Ми беше потребно доста време да сфатам дека луѓето не знаат доволно, дека се исплашени од промените  и дека на тој начин ја потврдуваат моменталната состојба на работите. Меѓутоа постојат и луѓе кои се борат и се трудат да направат промени. Една од нив е и мојата помала сестра која успеа да ги промени сите во нејзината околина и никој не успеа да ја обесхрабри. Така сфатив дека и јас морам така да се однесувам. Активизмот беше еден од начините. Кога малку созреав почнав да се интересирам за дискриминацијата и тоа оној вид дискриминација чија основа е хендикепот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Кога се вратив во Македонија после неколку години живот во други држави, сфатив дека хомофобијата останува непрепознаена како проблем иако е многу распространета.

 

Потиснувачката стратегија на политичките структури на власта да ги “заклучи плакарите” на се она што не потпаѓа под хетеронормативната идеја успеваше да создаде бес и поделба помеѓу “нормалниот, правилниот живот” и “различниот, изопачениот начин на живот”. Ваквата состојба на работите придонесе проблемите и притисокот кои ЛГБТИ луѓето ги имаат во секојдневниот живот да бидат огромни. Тогаш се приклучив на ЛГБТИ активистите.

Што се однесува на ризикот, не сум сигурна, но кога ќе почнете со активизам свесни сте дека тоа носи ризици затоа што вашата цел е промена. Особено кога некои промени не се безрезервно прифатени, борбата станува комплицирана. Стратегиите кои политичката структура ги спроведува со цел воспоставување на контрола, а притоа користејќи ги фрустрациите на невработените луѓе, лесно го манипулираат канализирањето на агресијата наспрема “предавниците на традиционалнот начин на живот”. Ова секако ги забавува промените но кога верувате во нешто, ништо не може да ве спречи да работите на промените кои се потребни.

Секако постојат многу одговорности затоа што се борите за цела заедница, а во неа има различни мислења и верувања за тоа како и каква промена е потребна. Меѓутоа чувствувате огромно задоволство кога ќе видите благодарност на нивните лица.

2. Колку е видлив лезбејскиот активизам во рамки на активностите на ЛГБТИ Центарот за поддршка? Дали во Македонија постои организација која се залага за лезбејските човекови права?

Во Центарот работиме преку групи за поддршка. Имаме основано четири групи со цел да ја зајакнеме заедницата и да ја промениме законската и општествената положба на ЛГБТИ луѓето во Македонија. Лезбејската група мометално е единствена која има активистичко јадро и не работи само на поддршка туку и на други фронтови. Целта на ЛезФем групата (лезбејско-феминистичката група) е да ја зголеми видливоста и политичката релевантност на лезбејскиот и феминистичкиот активизам за да се промовираат нови стратегии на отпор против доминантните идеолошки концепти на патријархатот, шовинизмот, хетеронормативноста, национализмот, клерикализмот.

Низ историјата жените секогаш биле невидливи во Македонија, а денес лезбејките се’ уште се група која е невидлива во јавноста но и во ЛГБТИК движењето. Имаше неколку обиди да се оформи лезбејско движење, но не се разви доволно за да се постигнат резултати. Во нашето општество каде што владините структури се трудат што повеќе да ја зголемат невидливоста на ЛГБТИК заедницата и да ги остават затворени во четири ѕида, лезбејките се веројатно најмалку важната група во јавноста. Со зголемената промоција на “традиционалните” вредности која има за цел да го отстрани секој што не се вклопува во воспоставените норми, лезбејките остануваат во група обележана како “неважна” и нивните проблеми остануваат нерешени. Стегите на шовинизмот кои се присутни во сите сегменти на општеството само ја зголемуваат стигмата на македонските лезбејки кои остануваат заробени без скоро никаква заштита од дискриминација. Ова се причините за неколку ентузијастки кои се идентификуваат како лезбејки, политички лезбејки и феминистки да делуваат преку отпор на овие тенденции, а со тоа и да се формира групата ЛезФем.

 

3. Што е направено до сега во Македонија од аспект на ЛГБТИК правата? Дали третманот на ЛГБТИК темите од страна на јавноста, медиумите и политичарите има доживеано некаков напредок?

 

Од една страна, ЛГБТИ организациите имаат направено многу во претходните десет години и постои одреден напредок во смисла на тоа дека ЛГБТИК темите не се веќе толку големо табу што беше случај порано. Одреден напредок може да се забележи во однос на видливоста и присутноста на овие теми во јавноста. За периодот пред тоа не можам да зборувам, затоа што пристапив на активизмот во Македонија пред само една година.

Меѓутоа кога работите се набљудуваат од перспектива на пошироката јавност, медиумите, политичките структури, ситуацијата стана покомплицирана кога ЛГБТИК темите почнаа да служат како средство со кое се свртува вниманието од останатите проблеми во нашата земја.

Не мислам дека ЛГБТИК тематиката сега добива подобар третман – напротив, мислам дека ситуацијата е полоша. Огромен проблем е тоа што политичарите ја користат ЛГБТИК заедницата за да го свртат вниманитето од други проблеми. Проблемите на ЛГБТИК заедницата намерно се сведуваат само на прашањето за брак. Започна отворена хомофобична политичка кампања која резултираше со згоемување на насилството додека институциите со својот нем однос даваат легитимитет на таквите инциденти.

Сите кој ги кршат правата на ЛГБТИК луѓето оддаваат впечаток дека нивните постапки се легитимни баш поради оваа хомофобична кампања. Постои лажен легитимитет во рамки на самите институции дека некои проблеми можат да се решат на основа на конзервативни ставови, а не професионално – се’ ова само заради тоа што се однесуваат на ЛГБТИК тематиката. 

Претходниот министер за труд и социјална политика имаше обичај постојано да ја потсетува јавноста за ставот на Владата во однос на ЛГБТИК правата, со акцент на тоа дека се против истополови бракови и посвојување на деца од страна на истополови партнери. Ова се прашања кои ЛГБТИК организациите никогаш не ги ни споменале. На овој начин се свртува вниманието од големите проблеми на нешто што во секој случај ќе предизвика емотивна реакција помеѓу мнозинството: “геј опасност и’ се заканува на традицијата”. Таквиот пристап го охрабрува говорот на омраза во медиумите и на социјалните мрежи.

Очигледна е синергијата помеѓу делувањето на државните институции и нивните лидери со религиозните институции и медиумите кои се во служба на власта. Ова преставува голем фронт кој пожртвувано работи на гушење и одземање на човековите права на ЛГБТИК луѓето. Изјавата на министерот беше проследена со петнаесет други изјави од страна на спортските асоцијации, синдикатот, пензионерите, организациите за женски права (кои се финансираат од Владата) итн. кои ја подржаа изјавата на министерот за традиционалните вредности и за тоа како хомосексуалните бракови се неприфатливи во Македонија. Целиот овој збир на случувања створи илузија дека постои битка за брак од наша страна и допринесе да се премолчи поголемото прашање: заштитата на основните човекови права на ЛГБТИК луѓето.

Поврзаноста на медиумите и Владата овозможува постојана промоција на хомофобични и трансфобични ставови. Дневникот “Вечер” беше особено активен во поддржувањето на хомофобичната кампања кога во периодот помеѓу 13. и 17. октомври печатеше на своите насловни страници статии и фотографии со дискриминирачки содржини со цел создавање и  јакнење на ирационален страв кон ЛГБТИК заедницата. Насловите на нивните статии беа следниве: “Сакаме внуци, а не педерлуци”, “Децата посвоени од истполови партнери се жртви на педофилија”, “Моми со кондоми”, и порнографска фотографија од двајца мажи со наслов “Нема да има геј бракови во Македонија”.

Мнозинството медиумски куќи пренесуваат само негативни резултати од истражувања кои се однесуваат на хомосексуалноста и без срам пишуваат и ги полнат страниците со омраза наспрема ЛГБТ луѓето. Резултатите се изнесуваат надвор од контекст или истражувањата се застарени, а со самото тоа не се ни прифатливи ни релевантни во модерно време. Само неколку медиуми укажуваат на очигледната хомофобија и стратегиите на напад врз ЛГБТИК луѓето од страна на Владата и тоа главно оние медиуми кои објавуваат само на интернет.

Најновите случувања покажуваат дека нетолеранцијата наспрема ЛГБТИК заедницата достигна ново, повисоко ниво и дека е се’ поопасна. Медиумите шират дезинформации – како онаа за наводно најавената геј парада – и така шират негативни стереотипи и предрасуди за ЛГБТИК луѓето. Некои од новите случаи на насилство вклучуваат: насилство мотивирано од омраза кое се случи пред споменикот “Воинот на коњ”, насилни акции на хулигани и демолирање на просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка и прекинување на филмска проекција за правата на трансродовите луѓе, напад на домот на актер додека тој и неговиот партнер биле во куќата, а неколку дена пред тоа се аутираше во јавноста дека е геј… Сите овие случувања укажуваат на тоа дека веќе тешката ситуација само се влошува и очигледни се се повеќе закани за животот и безбедноста на ЛГБТИК луѓето и активистите за човекови права.

Иако ова не е прв напад врз ЛГБТИ Центарот, ова е прв пат да се случи напад додека внатре има собрано луѓе поради најавен настан. Истовреме насилството се шири брзо и неконтролирано влијае на поединци за кои се претпоставува дека се припадници на ЛГБТИК заедницата, што е уште една причина поради која веруваме дека нетолеранцијата кон ЛГБТИК заедницата се зголемува.

Институциите истовремено остануваат неми и воопшто нема јавна осуда на насилството врз ЛГБТ луѓето и активистите за човекови права. Ова произведува впечаток дека таквото насилство е легитимно што директно ги загрозува животите на ЛГБТИК заедницата и активистите за човекови права.

4. Неодамна отварањето на Неделата на гордоста беше прекинато од група од 40-тина млади луѓе кои ги опколија и нападнаа припадниците/чките на ЛГБТИ Центарот за поддршка, како и самиот објект. Дали полицијата реагираше соодветно? Какво е вашето искуство и соработката со македонската полиција? Колку пати до сега е нападнат Центарот?

Кога започна Неделата на гордоста на 22 јуни и тоа неколку дена откако во медиумите се појави дезинформација за наводна геј парада, после кое веднаш беше најавен контра-протест, побаравме зголемено полициско обезбедување за настаните кои навистина ги планиравме. На самото отварање имаше 8 или 10 полициски службеници распоредени околу Центарот и кога се случи нападот само еден од нив реагираше. Тој полициски службеник беше во самиот Центар и беше повреден пред нападот.  Не знам што правеа другите, но знам дека не уапсија ниеден од четериесетмината маскирани млади луѓе кои трчаа и фрлаа сешто, а можеа и да влезат во Центарот додека се’ уште имаше луѓе внатре.

Ова досега е четврти напад на Центарот но прв дедека има луѓе во Центарот. После овој напад на Неделата на гордоста дојдоа и странски амбасадори и го осудија насилството кое се случува во последно време повикувајќи ги македонските институции во акција. Десет часа после објавувањето на изјавите имавме уште еден напад при што имаше обид да го запалат Центарот. Според ова, тоа би биле 5 напади во период од 8 месеци.

Имаме добра соработка со две полициски станици во врска со безбедносните потреби за обезбедување на одредени настани. Иако очекувавме подобра безбедносна стратегија од страна на полицијата, нападот не беше спречен и немаше апсења.

5. Во Србија постојат силни десничарски наци организации кои се одговорни за насилството на белградските улици за време на Парадата на гордоста. Кои се напаѓачите во Македонија, кого застапуваат и дали се организирани?

Не можам да погодувам кои биле напаѓачите и чии припадници се затоа што беа четериесетина маскирани луѓе. Истиот тој ден беше организиран и контра геј протест иако немаше парада на гордоста, ниту најавени маршови., така што не можам точно да кажам кои се чинителите на нападот, но мислам дека институциите се тие кои се одговорни затоа што упорно не го осудуваат насилството и водењето на отворена хомофобична кампања. Исто така и медиумите кои пишуваат погрешни информации и ги полнат весниците со хомофобични статии, сета таа количина на хомофобија без размислување на последиците, пасивноста на јавноста и секако тие што се спремни да ја искористат неоформената, исфрустрирана младина за вршење на нивните “валкани работи” охрабрувајќи го ширењето на агресијата и користење на истата како погонско гориво за разгорување на омразата наспрема одредена група на луѓе. Оваа група е претставена како предавничка затоа што не ги исполнува очекуваните претпоставени традиционални убедувања на хетеронормативноста што и понатаму имплицира дека таа група директно ја загрозyва “здравата нација”.

6.Колку е безбедно да се занимаваш со ЛГБТИК активизам во Македонија? Постојат ли некои видливи ЛГБТИК група надвор од Скопје?

Што е денес безбедно? Надвор од Скопје постојат одредени активистички јадра но не се видливи како оние во главниот град.

7. Кои се закони се во полза на ЛГБТИК луѓето во Македонија? Како се спротивставите на “новите” законски измени во врска со абортусот?

Мометнално постојат шест закони во кои се споменува сексуалната ориентација. Родовиот идентитет не се споменува во ниеден закон. Од споменатите шест еден е Закон за работни односи кој забранува дискриминација на основа на сексуална ориентација но во таа одредба се споменува уште еден термин – полова насоченост,кој сам по себе е дискриминаторски затоа што се однесува само на сексуалниот чин. Во законот за права на пациенти се споменува сексуална ориентација но во исто време не предвидува заштита од дискриминација. Најважниот закој кој би требало да претставува основен закон за заштита од дискриминација не споменува експлицитно ниту сексуална ориентација ниту родов идентитет но затоа вклучува 18 други основи. Овој список е оставен отворен но не претставува решение за проблемите бидејќи со присутното ниво на хомофобија и трансфобија во институциите остава простор за селективно толкување што резултира со несигурност и недоверба. Отсуството на јасно наведување на овие две основи претставува додатен проблем кога се гледа дека тие исто така отсуствуваат од националните стратегии и акциони планови кои наводно предвидуваат обуки на вработените во државните институции. Ова исто така наведува да заклучиме дека хомофобијата и трансфобијата не се ни земени предвид.

Кога е законот за абортус во прашање, тој не е забранет со новиот закон но неговото вршење е ограничено преку условувањето на жената со писмени барања, задолжително советување и слично. 72 организации го потпишаа барањето овој закон да не се донесува по скратена постапка затоа што е од големо значење за половина од населението. Сепак законот беше донесен по скратена постапка. Организациите јавно се изјаснија дека се против законот, отидоа во Собранието и јавно протестираа, пишуваа соопштенија до медиумите но законот сепак беше усвоен. Организациите испратија писмено барање до претседателот барајќи да не го ратификува законот но претседателот не ги послуша.

8. Кои се досегашните активности на ЛГБТИ Центарот за поддршка, што е во план?

Центарот обезбедува бесплатна правна помош, бесплатно психолошко советувалиште, работи со групи за поддршка, секоја недела организираме забавни содржини под името “LazySunday”. Во зависност од планираните активности на групите се организираат обуки, трибини, јавни дискусии, проекции на филмови…

Моментално се подготвува документацијата за стратешко застапување на судски случаи. Исто така Центарот го следи спроведувањето на законот за информирање кога е во прашање ЛГБТИК заедницата.

Постојат многу планови и развојот е се’ побрз, така што се надевам дека ќе бидеме во можност да ја оствариме секоја од планираните промени.

За оригиналниот текст кликнете тука.

 

 

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1332
0
Лезбејска пролет во Белград http://lgbti.mk/old/?p=1166 http://lgbti.mk/old/?p=1166#respond Fri, 30 Dec 2016 07:30:02 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/lezbejska-prolet-vo-belgrad/ „Лезбејска пролет“ е настан кој по трет пат се одржа во Белград, од 16-19 април оваа година. Овој настан, организиранво рамки на Светскиот марш на жени, а отворен само за жени, имаше за цел да ги собери лезбејките од внатрешноста на Србија, од регионот и од светот на едно место за да создае простор за меѓисебно јакнење, размена на знаењата и искуствата во врска со лезбејските идентитети, политички акции и лезбејската култура. Организацијата на настанот се заснова на феминистичките и волонтерски принците со желба да се застане на патот на патријахатот и лезбофобијата, но и да се прослави 20 годишнината од лезбејскиот феминизам во Србија.

Настанот опфати богата програма: изложби, проекција на филмови, панели и дебати, спротски активности и неизбежните забави. „Лезбејската пролет“ беше отворена со претставување на изложбата на фотографии „13 лезбејки од Србија“ на авторката Миња Павлович, која прекуприкажување на различни социо – економски позиции ги преиспитуваат стереотипите и предрасудите на лезбејскиот идентитет; изложбата на фотографии „Светски марш на жените“,кој претставува дело на активистките на Феминистичкиот караван, а претставува феминистички водич низ културолошкиот диверзитет на женската борба; и изложбата на Организацијата за лезбејски човекови права Лабрис од Србија која даде осврт на нивниот 20 годишен активизам.

„Лезбејската пролет“ понуди и простор за разгвор и дебата организиран преку два панели. Во првиот панел се претстави книгата „Dzuvljarke, Lezbejska egzistencija Romkinja“ од Вера Куртич. За книгата, но и за прашањата што значи да се биде лезбејка во ромската заедница и што значи да се биде Ромка во лезбејската заедница зборуваа активистките, лезбејки и Ромки, Тамара Митичи Надица Маринкович, кои ги споделија своите лични приказни, но и многу примери од нивното активистичко делување.

Вториот панел беше наречен „Sestre Autsajderke“, а говореа лезбејки активистки од регионот и Европа, кои ја претставија историјата на лезбејското движење во својата земја, предизвиците, успесите од минатото како и идеите за иднината. Посебно внимание се посвети на прашањата каде и на кои начини сакаме да делуваме за јакнење на лезбејките и за намалување на патријахатот и хомофобијата во кои живееме, како и на прашањето за наметнување на феминизмот како стратегија за подобрување на целосната политичка состојба. На панелот говореа: Лепа Младенович (СРБ), Зое Гудович (СРБ), Сања Јурас(ХРВ), Биљана Гинова (МКД), Марија Вулетич (БиХ), Клара Карбунар (ФР), и Рајмонда Силбије(КОС), а се приклучи и Мари Џозеф Девилерс (ФР)

Во филмскиот дел беа прикажани повеќе филмови. Краткиот документарец „Ima mesto za sve nas“ на режисерката Тања Купрешанин го престави бруталното насилство и непрофесионланото делување на полицијата за време на првиот Прајд во Белград во 2001година. По завршувањето на проекцијата, дел од активистките кои го организираа и учествуваа овој Прајд, ги споделија своите сеќавања и искуства од тој ден. Исто така, беше прикажан и спотот „Ljubav je zakon“ кој е дел од кампањата на Лабрис, која ги прикажува проблемите на задништвото на истополовите парови заради непостоењето на правна основа.

Особено внимание предизвика прикажувањето на филмот „Lesbiana“ на режисерката Мириам Фоугере кој сведочи за создавањето на нови начини на живеење кои во потполност се фокусирани на жените. Лезбејската култура прикажана во филмот претставува политичко делување преку литературата, филмот, музиката, театарот, филозофската теорија и со тоа станува дел од парарелната револуција. По проекцијата на филмот се разви плодна дискусија на која самата режисерка даде свое гледиште на искуствата од тоа помалку познато време во споредба со тоа што се случува денес.

Во рамки на филмската програма, беше прикажан и филмот „Volim SFK“ на режисерката Ада Соколович, кој го прикажува начинот на живот на девојките од фудбалскиот клуб SFK2000 од Босна и Херцеговина со што ги размрдуваат нормативите за женскоста, но зборува и за предизвиците со кои овој тим се соочува заради отсуството на соодветна поддршка од страна на властите.

Покрај сите овие активности, беше организирана и работилница за изработка на транспаренти за претстојниот Лезбејски марш,„Mlada partizanka bila lezbejka!“. Секако и забавниот дел не изостана, па беа организирани лезбејски забави во локални клубови, а гости беа Словенечката група Елоганца, Психос– женско DJ дуо од Бања Лука како и Dj-те Милица Лепотица од Србија и Ајварчеод Македонија.

Покрај прославата на 20 годишнината од лезбејскиот активизам во Србија, годинава Лезбејската пролет кулминираше со Лезбејски марш, кој е за прв пат организиран во регионот. На Маршот кој помина без никакви инциденти и под силно полициско обезбедување, маршираа околу 100 лезбејки од Србија, регионот и светот, носејќи транспаренти и упатувајќи политички пораки во една смирена, позитивна и пријатна атмосфера.Од Македонија четири претставнички на ЛезФем учествуваа на Маршот. Режисерката на документарецот „Lesbiana“, Мирјам Фугер (Канада) за маршот изјави: „молкот во кој што сме закопани, денес се претвори во песна. Никој неможе да порекне дека се случи“. На нејзино благодарение, маршот и целиот настан ќе бидатдокументирани и достапни за наредните генерации.

“Со излегувањето на улица покажавме деке не сме увезени од Запад, ние постоиме во оваа земја, ние сме граѓанки на ова општество и го градиме ова општество и се обидуваме тоа да се навикне на промените. Промените ќе се случат кога луѓето ќе сфатат колкава е политичката опресија врз жените, а уште повеќе врз лезбејките. Денес исчекоривме од тоа и покажавме дека не сакаме да видеме дел од систем кој не опресеира, а притоа свесни сме дека сме закана. Со ова денес и со целата програма ги покажавме нашата сила и фактот дека сме потполно способни и спремни да ги менуваме опресивните околности. Тоа, секако, не е лесно, но допрва енашата борба“– изјави Zoe Gudovic, активистка и една од организаторките на Лезбејската пролет, во врска со Маршот и целиот настан.

Лезбејското марширање по београдските улицифинишира во Центарот за културна деконтаминација во Београд со читање на поемата „Lutkice za devojcice“ од поетесета, феминистка и активистка Чарна Чосич.

„Лезбејската пролет“ беше организирана од група на независни активистки со поддршка на Rekonstrukcija zenski fond, а во соработка со V(j)eštice, BeFem, Labris, Autonomni zenski centar, Skuvarici, Foto Studio Novi Diridzabal, Zvucna etnografija, People’s Hostel и Светскиот марш на жени.

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1166
0
Ќе се венчаме на пролет, а на забавата ќе пее Северина http://lgbti.mk/old/?p=876 http://lgbti.mk/old/?p=876#respond Fri, 30 Dec 2016 07:27:27 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/kje-se-venchame-na-prolet-a-na-zabavata-kje-pee-severina/ Загребчанките Марта Шушак, студентка на Филозофскиот факултет, и Мима Симич, филолог, не се обесхрабрени: во врска се последните две и пол години и сметаат дека се семејство.

Веќе две години го делат истиот кров, маса и постелнина. Својата љубов ја крунисаа со ветувања. Тие се Марта Шушак и Мима Симиќ, тие се семејство.

– Студираме и работиме, плаќаме даноци, ќирија, режиски трошоци и придонеси, активни сме во општеството, еднакво не загрижуваат невработеноста и несигурната иднина баш како и секој друг Хрват, со таа разлика што во Уставот ќе влезе одредба дека сме граѓанки од втор ред – објаснуваат од нивниот дом во центарот на Загреб.

 

Исус би рекол: Геј е ОК

Марта е студентка на шведски и германски јазик на Филозофскиот факултет, членка на ЛГБТ иницијативата АУТ, прва од таков тип во Хрватски.

Нејзината партнерка Мима по потекло е од Задар, филолог и филмска критичарка, водителка и активистка за човекови права и правата на животните. Можете да ја видите и слишнете на секој протест за некоја општествена неправда од било кој вид, нејзе и е сеедно дали се работи за борба за правата на жените, студентите, работниците. Една од тие борби деновиве стигна и на нејзиниот куќен праг, борбата за правата на сексуалните малцинства во кои припаѓа и самата: Хрватска одлучи да и го забрани правото на семејство.

– Кардиналот Божанич им прати порака на сите бискупи да повикаат на молитва за успех на референдумот и даде упати од олтарот јасно да се каже “за”. Ние ја немавме таа моќ и веќе со месеци се припремам за неуспех на референдумот. Иако и Исус веројатно би рекол дека Геј е ОК, мнозинството изгласа “за”, но јас веќе се помирив со тоа – објаснова Марта.

Нејзината партнерка Мима за резултатие од референдумот вели дека тоа е најдоброто што моментално Хрватска може да го призведе од аспект на разбирањето на демократијата.

– Би  било контрапродуктивно ако резултатот не обесхрабри затоа што никаде во светот таква промена во сфаќањата не се случува преку ноќ. Третина од Хрватите размислуваат, а остатокот реагира инстинктивно – коментира Мима, додавајќи дека е горда на Истра и на Приморско-горанската покраина.

Вели дека ќе го задржат оптимизмот кој се разбуди после “Сплитскиот масакар” кога Парадата на гордоста во Загреб собра над 10 илјади луѓе.

 

Излегување од плакарот

Својата сексуалност Мима ја откри на 19 годишна возраст со заминувањето од мала средина во странство, Лондон, каде на улиците во Сохо е сосема нормално две девојки да се држат за рака, а во книжарите да се најдат цели полици со ЛГБТ литература.

-Хомосексуалноста таму е најнормална субкултура која коегзистира со популарната култура. Во Англија чував деца: три момчиња и еден германски овчар. Испадна доста добро. Тие денес се возрасни луѓе и колку што знам хетеросексуални, освен овчарот за кој ни денес не знам која ориентација е – зборува Мима.

Растејќи на улиците на Загреб, нејзината девојка Марта самоспознавањето го помина на полесен и побрз пат, опкружена со Паради на годоста, знаејќи дека во нејзиниот град постојат геј клубови и ЛГБТ здруженија.

– Уште во раните тинејџерски години години во својата околина гледав луѓе кои “излегуваат од плакарот” и затоа ми беше потребно помалце време да прифатам дека сум лезбејка, тоа се случи на почетокот на средна школа. Многу рано почнав да се интересирам за различните аспекти на човековите права така да бргу се освестив дека не сум хетеросексуална.

На помладите генерации ни е многу полесно. На Парадите повеќе не се фрлаат Молотови коктели туку цвеќиња. Затоа многу бргу го прифатив тој дел од себе за кој сметам дека говори многу малку за мене како личност – вели Марта.

Во својата средина таа поминала без тешки лузни: нејзината мајка и тетка и се голема поддршка но последниот разговор со баба и помина со полно тешки зборови па од неа нема ни трага ни глас последниве две и пол години, откако својот живот го дели со Мима.

 

Референдумот не е крај

Ова мало семејство го сочинуваат и две мачки, сега за сега. Марта и Мима размислуваат и за негово проширување.

-Имаме доста можности, ќе ги разгледаме. Неверојатно ми е тоа што кога ќе кажеш дека си лезбејка и сакаш дете луѓето остануваат во шок. Како да сме неплодни ако живееме со особа од истиот пол, како хомосексуалноста да те лиши од желбата за родителство – вели Мима додавајќи дека е поразен фактот што нокои луѓе во Хрватска се нееднакви во оснос на други.

– Тенденција на сите западни земји е да го озаконат истополовиот брак и посвојувањето на деца од страна на истополови родители. Светли примери се католичките Ирска и Шпанија па верувам дека е само прашање на време за и ние да се избориме за тие права. Овој референдум само малку го забави тој процес – вели Мима на која и е особено драго тоа што граѓаните се освестија дека оваа уставна интервенција не ја дискриминира само ЛГБТ заедницата.

– Загрозено е секое семејство кое не се вклопува во формулата маж + жена = две деца. Загрозени се и самохраните родители, разведените родители, бабите и дедовците кои воспитуваат деца, децата зачнати со вештачко оплодување, неплодните парови, паровите кои не сакаат да имаат деца, паровите кои не сакаат да се венчаат…

– Се створи критична маса на луѓе кои се хетеросексуални но исто така дискриминирани кога во Уставот ќе влезе оваа исклучива дефиниција на бракот – велат Мима и Марта. Неуспехот од референдумот нема да ги обесхрабри. Веќе наредната година планираат да ја озаконат својата заедница, што законот многу скоро ќе им го овозможи.

– Сакаме типична, традиционална забава со колони од автомобили, хрватски знамиња и ливчиња од рози, на улица и без криење. Сакаме да ни пее Северина – се сложуваат. Не се сложуваат само околу терминот на венчавката. Пролет, вели Мима. Лето, вели Марта, после испитните сесии.

– Нема да чекаме лето Марта, тортата се топи на сонце – вели Мима. А нејзиниот збор, се чини дека во ова семејтво, е последен.

 

Извор: Vecernji list

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=876
0
Ново видео на ЛезФем http://lgbti.mk/old/?p=868 http://lgbti.mk/old/?p=868#respond Fri, 30 Dec 2016 07:27:23 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/novo-video-na-lezfem/ Живееме во свет во кој полесно ни е да ја прифатиме убаво спакуваната лага отколку вистината.  Живееме во општество во кое полесно се впуштаме во расплетување на сплетките и заверите во турските  серии отколку во запознавањето и разбирањето на луѓето околу нас. Полесно ни е да ги идеализираме измислените ликови отколку да ги почитуваме оние реалните до нас. Проследете го Дневникот на Фериде или како ние сакаме да си го наречеме Дневникот на ЛезФем, базиран на вистински приказни кои им се случуваат на реални луѓе.

Срдечнo ваши,

ЛезФем-ки

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=868
0
Уметник во фокусот: Сара Своти http://lgbti.mk/old/?p=788 http://lgbti.mk/old/?p=788#respond Fri, 30 Dec 2016 07:26:40 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/umetnik-vo-fokusot-sara-svoti/ Во серијата на Своти, наречена „Помеѓу и надвор“, родот е претставен како флуидна, релаксирана и креативна експресија, но и како напната и истражувачка транзиција.

Фотографката Сара Своти напиша: „Идејата за родот и улогите, одговорностите и очекувањата кои се поврзуваат со него, ме фасцинираа со години. Мејнстрим културата и општеството влијаат на тоа како ние како луѓе гледаме на родот.Местото каде живееме и начинот на кој сме пораснати ја диктира нашата перцепција за родот, и за тоа што е „нормално“ или „чудно“, „правилно“ или „погрешно“. Во пролетта 2010, започнав проект фокусиран на родовото изразување, што ме доведе до тоа да фотографирам луѓе и од стрејт и од ЛГБТ заедницата, трудејќи се да направам фотографии кои ги доведуваат во прашање традиционалните родови улоги и во кои се истражуваат идентитети надвор од машко-женската бинарност.

 

„Во сите мои фотографски дела, се стремам кон тоа да создадам дела кои на гледачите им нудат нови перспективи за социјалните очекувања и ограничувања во нивниот културен контекст.“ „Помеѓу и надвор“ е серија портрети кои го истражуваат родовиот идентитет и телото низ широк спектар поединци. Делата се создадени со интерес за тоа како веќе постоечките концепти за родот создале недостижни идеали за мажественоста и женственоста. Моделите опфаќаат идентитети од оние кои не се идентификуваат со полот во кој се родени, до трансродови луѓе кои поминале низ физичка транзиција и ги промениле своите тела. Целта на сликите е да споделат лични приказни од заедница на луѓе со разнолики родови идентитети, притоа предизвикувајќи ги стереотипите со кои се соочуваат ЛГБТ луѓето.

 

„Секогаш барам нови модели за фотографии.Контактирајте ме на saraswatyphoto@gmail.com доколку сте заинтересирани.“

Сара Своти е енергична и страствена фотографка од Лос Анџелес со потекло од Сент Луис, каде што научила да го сака шетањето по влажно време и готвењето индиска храна, а и развила компулсивна потреба да носи камера со себе цело време.
За повеќе информации за настанот, кликнете тука.

SaraSwatyphoto.com
Facebook.com/saraswatyphoto.com
SaraSwatyphoto.tumblr.com/
In Between & Outside Project Blog

 

Извор: http://www.advocate.com/arts-entertainment/art/artist-spotlight/2013/09/07/artist-spotlight-sara-swaty

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=788
0
Исповед на Марија Шерифовиќ: Прекрасно е чувството да се биде со девојка! http://lgbti.mk/old/?p=474 http://lgbti.mk/old/?p=474#respond Fri, 30 Dec 2016 07:23:53 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/ispoved-na-marija-sherifovikj-prekrasno-e-chuvstvoto-da-se-bide-so-devojka/ Пејачката Марија Шерифовиќ, која изјави дека засекогаш си заминува од Србија, ја најави премиерата на долгоочекуваниот филм „Исповед“ во центарот „Сава“ пред преполната сала, со зборовите:

– Никогаш не знаев да губам! Отсекогаш газев се’ и победував само за себе!

Со цел први да ги дознаат шокантните факти кои пејачката ги изнела во филмот, но и да ја поддржат, во публиката се појавија многу јавни личности.

Меѓу првите пристигна нејзината мајка, Верица Шерифовиќ и братот Данијел, а по нив, вниманието на сите присутни го привлекоа колегите на Марија – Леонтина, Ванеса Шокчиќ, Зорица Брунцлик, Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, Снежана Ѓуришиќ, Злата Петровиќ, Буба Мирановиќ…

Светот на актерите го претставуваше младата Нина Јанковиќ, а сосема очекувано, филмот го проследија и колегите на Марија од бендот Бјути Квинс.

Во играно-документарниот филм, пејачката се изјасни дека е лезбејка, но зборуваше и за потресните моменти од детството и гневот кон татко си:

– Сум била со девојка и чувството е прекрасно! Добро е што нема брада што гребе – рече пејачката, истакнувајќи дека во долгите емотивни врски била изневерена, а потоа продолжи да зборува за проблематичниот однос со татко си.

– Татко ми беше коцкар и тоа многу не’ чинеше. Немаше граници со алкохолизмот, а кога мајка ми била деветти месец бремена, ја оставил и отишол со друга жена, со која го добил Данијел – раскажува Марија, додавајќи дека може да заборави, но дека никогаш нема да му прости што го растурил семејството!

Во „Исповед“ се овековечени зборовите на Верица, мајката на Марија:

– Имаше моменти кога маж ми Рајко толку ме тепаше што целата модра истрчував на улица и викав полиција!

Извор: http://labris.org.rs/ispovest-marije-serifovic-divan-je-osecaj-biti-sa-devojkom/

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=474
0
Како ме лечеа од хомосексуалност http://lgbti.mk/old/?p=242 http://lgbti.mk/old/?p=242#respond Fri, 30 Dec 2016 07:21:52 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/kako-me-lechea-od-homoseksualnost/ Ана помина повеќе од пет години во Психијатриската установа Лопача, во која на шеснаесет годишна возраст ја сместија родителите за да ја “излечат” од хомосексуалност. Кога наполни 18 години ја задржаа во установата без да добијат писмено одобрение иако законот го налага тоа. Она што се случуваше во Лопача под стручната директорска палка на др. Мирјана Вулин и др. Радомир Ракун наликува на сценарио за хорор филм. Ана беше врзувана, дрогирана со лекови, ја оставаа во самица и ги лажираа анализите дека е зависничка од дроги со цел да имаат какво-такво оправдание да ја задржат. Ана прв пат беше пуштена на слобода кога докторката Вулин кажа дека е излечена и дека повеќе не и се допаѓаат девојки…

Извор: e-novine

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=242
0
Десничарска француска градоначалничка одбива да венча лезбејски пар http://lgbti.mk/old/?p=188 http://lgbti.mk/old/?p=188#respond Fri, 30 Dec 2016 07:21:27 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/desnicharska-francuska-gradonachalnichka-odbiva-da-vencha-lezbejski-par/ Десно ориентирана градоначалничка на југот на Франција одби да венча лезбејски пар во знак на протест против законот за истополови бракови кој го донесе социјалистичката влада на Франција. Парот побарал од регионалните власти да ја принудат градоначалничката на Болен, Мари-Клод Бомпар да го почитува законот.

Амандин Жил, 33, и Анжелика Леру, 27, би сакале да се венчаат во нивниот роден град во југоисточна Франција на 10ти септември.Но во петокот, Бомпар се сретнала со нив и им рекла дека нема да ја изврши церемонијата затоа што тоа било против нејзините религиозни принципи.Таа исто така одбила да ја делегира оваа должност на друг службеник, иако законот и’ го дозволува тоа.

Бомпар е членка на десничарскиот дел од Националниот фронт на Марин ле Пен, наречен Јужна Лига, предводен од нејзиниот сопруг, Жак.Жак Бомпар, кој работи во градот Оранж, исто така одбил да венча геј пар, но ја пренел обврската на колега службеник.

Обвинувајќи ја владата за закани со „несоодветни и нелегитимни“ санкции против градоначалници кои одбиваат да го спроведат законот за истополови бракови, Директорот за комуникации на Советот на Болен, Жан Валие, тврди дека противењето на градоначалничката е „поради нејзината совест“.

Градоначалникот на градот Сен Сатурнен ле Авињон, Бернар Гудон, и’ се јавил на двојката со понуда тој да ја изврши церемонијата, но тие имале испратено допис до префектот на регионот со барање Мари-Клод Бомпар да ги исполни своите законски обврски.

Бомпар претходни изјави дека ќе побара од префектот да назначи некој друг за вршење на церемонијата.

Жил и Леру изјавиле за весникот Воклуз Матин дека добиле огромна поддршка од локалните жители, започнувајќи од поштенскиот службеник на кој ги предале писмата за префектот, во саботата.

Се одржале масовни протести против законот за истополови бракови по неговото поминување во Парламентот, а дебатата по ова прашање создаде голем конфликт меѓу десницата и левицата.

За оригиналната вест кликнете тука.

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=188
0