Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/load.php on line 643

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/theme.php on line 1556

Deprecated: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-mapper.php on line 111

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/plugin.php on line 233

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Нашите Приказни – LGBTI Macedonia http://lgbti.mk/old Sun, 12 Sep 2021 15:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.6.28 Медицинска транзиција за време на КОВИД-19 http://lgbti.mk/old/?p=2901 Tue, 09 Feb 2021 08:44:24 +0000 http://lgbti.mk//?p=2901 Медицинска транзиција или терминот медицинско потврдување на род кој што се користи како замена на застарениот израз промена на пол, е процес во кој трансродовите лица го менуваат своето тело согласно својот родов идентитет со помош на хормонска терапија и хируршки интервенции. Транзицијата како процес е долг и комплексен, но и субјективен затоа што пред сè се заснова на личните потреби, очекувања и желби. Може да вклучува само хормонска терапија, хормонска терапија и една операција или пак сè.

Некои трансродови луѓе не сакаат хируршка интервенција за медицинско потврдување на родот, односно, не сакаат да ги менуваат своите тела. За луѓето кои сакаат да подлегнат на такви интервенции, здравственото осигурување (приватно или социјално) не ги покрива ваквите хируршки зафати. Овие хируршки интервенции се исто така многу скапи и нема хирурзи во Македонија кои се обучени да ги изведат истите.

Медицинската транзиција е долг и обемен процес кој не е ни најмалку лесен, ниту едноставен. Едно трансродово лице, кое одлучило да влезе во транзиција, треба да помине низ долг и макотрпен процес за да отпочне со хормонска терапија. За да се дојде до терапијата треба да се направат неколку чекори за кои е потребен медицински тим кој е сензибилизиран и е запознаен со потребите и проблемите со кои се соочуваат трансродовите луѓе кои се во транзиција, од медицински аспект. Тимот треба да се состои од матичен лекар, психијатар/психолог, ендокринолог, интернист (за транс жени), гинеколог (за транс мажи) и уролог. Првиот чекор кој треба да го нарави трансродовото лице е да посети матичен лекар и да побара закажување кај психијатар/психолог. По остварена средба со психијатар/психолог лицето добива наод и мислење. Со наодот и мислењето лицето се враќа кај матичниот лекар и бара закажување доколку сте транс жена, ви дава упат за на интернист, па тој ве упатува кај ендокринолог, а доколку сте транс маж, ви дава упат и за ендокринолог и дополнително одите на гинеколошки преглед. Од тука ендокринологот ве праќа да направите крвна слика, генетско потврдување и хормонален статус. По завршените испитувања со сите резултати се враќате кај ендокринологот по извештај за одредување на терапијата и со тој извештај се враќате кај матичниот лекар по рецепти.  На почетокот се прават контроли на 1 месец, подоцна на 3, а по 1 година се оди еднаш на 6 месеци на контрола да се следи состојбата на лицето кое отпочнало со транзиција.  Кај нас во РСМ, сè уште не постои целосен тим кој синхронизирано работи, со чие постоење целата оваа процедура ќе се олесни и воедно со таков тим истата би била побезбедна и подостапна, за што ТрансФормА – Иницијативата за заштита и унапредувања на правата на трансродовите лица во РСМ активно се залага.  Давателите на здравствени услуги мора да се обучени и сензибилизирани кога даваат услуги на трансродовите пациенти, локалните потреби на трансродовите луѓе треба да се оценат и да се имаат предвид во процесот на овозможување подостапни здравствени услуги, кои би биле прифатливи и пристапни за сите трансродови луѓе кои сакаат да отпочнат медицинско потврдување на род.

За жал, искуството покажува дека трансродовите луѓе често се изложени на стигма и дискриминација во здравствените институции во Р.С. Македонија. Кога бараат здравствена услуга, тие се често вербално малтретирани, исмејувани, дури и не им се дава услуга. Ова прави тие често да немаат пристап до здравствени услуги, што повратно негативно се одразува на нивното здравје и благосостојба.

За време на пандемијата со КОВИД-19 која го зафати целиот свет, па и нас, сите хируршки интервенции беа откажани, како и прегледите и контролите кои служат за следење на состојбата на лицето кое е во транзиција, со што ги стави во ризик и неизвесност сите кои се во овој процес. На дел од трансродовите лица кои што се обратиле во ТрансФормА, им биле откажани веќе закажаните прегледи и со тоа ги ставаат во уште покомплицирана ситуација од здравствен аспект, но и финансиски затоа што се принудени потребните хормони да ги купуваат на приватно кои и не се така ефтини.

Со оглед  на тоа дека пандемијата ги затвори границите на државата, а со тоа го отежна и увозот на лекови, дел од транс мажите останаа без потребната терапија и беа приморани да ги набавуваат преку интернет, каде цената е превисока, а за производот не ти даваат никаква гаранција, или пак да ја паузираат транзицијата, што повторно остава лоши последици по здравјето.

Доколку кај нас се достапни сите хормони кои се користат во медицинската транзиција и доколку постои таков медицински тим кој синхронизирано работи, трансродовите лица ќе имаат далеку подостапна, но и побезбедна транзиција без разлика на тоа што КОВИД пандемијата направи колапс во здравствениот систем. Здравствената криза предизвикана од КОВИД – 19 ќе помине, а проблемите за трансродовите луѓе ќе останат доколку државата не започне активно да работи на креирање здравствен систем кој ќе може да одговори на потребите на сите.

 

Автор: Предраг Јовановски

 

*Текстот не е лекториран за да се задржи неговата автентичност и јазикот на авторот

]]>
За ментално здравје во време на КОВИД 19 http://lgbti.mk/old/?p=2812 Tue, 25 Aug 2020 10:11:32 +0000 http://lgbti.mk//?p=2812 Ковид кризата, социјалното дистанцирање и карантинот создадоа уникатни и комплексни предизвици за различните поединци во нашето општество. Се чини дека никој не беше поштеден од чувството на изолираност, осаменост и несигурност. Ваквата новонастаната ситуација сепак успеа да поттикне една задоцнета дискусија за менталното здравје и неговото значење врз животот на луѓето. Во овој контекст се отвори и прашањето кое ги засега ЛГБТИ луѓето, како маргинализирана заедница за која неретко да се биде свој значи да се биде надвор од домот.

Да си просечен модерен човек, во ова исклучително динамично и бурно време и да бидеш изолиран само по себе предизвикува низа на негативни емоции, стрес, анксиозност, вклучувајки и паника. Кога пак сме под влијание на стравот и анксиозноста, се активира симпатичниот нервен систем и троши огромни телесни резерви на телесна енергија, со што го подготвува човековиот организам за работа во опасност. Сите имаме различен систем за преживување и користиме различни одбрамбени механизми за справување со ситуација од ваков вид. Човекот по природа е социјално суштество и токму изолацијата и ограниченоста на движење го доведуваат во непријатна состојба. Некои луѓе во ова искуството природно ќе развијат анксиозност, некои депресивност, некои суицидални или опсесивни мисли, оваа позиција е особено опасна доколку домашната атмосфера дополнително е исполнета со неприфаќање, нелагодност, омраза па дури и насилство. Ефектите врз менталното здравје на луѓето кои се идентификуваат како ЛГБТИ секојдневно се изложени на овој вид на атмосфера се негативни, непријатни и трауматични.

Ова не доаѓа како изненадување со оглед на фактот дека ЛГБТИ луѓето сѐ уште не ги уживаат истите права и слободи во нашата средина. Различните форми на дискриминација и во „нормални услови“ може да остават трајни последици врз развојот на еден млад човек. Во суштина, правото на слобода на изразување се наоѓа во основата на корпусот човекови права загарантирани со Универзалната декларација за човекови права. Секој треба да има можност да ги ужива истите права, додека секое правење разлика врз која било основа и нееднаков третман е грубо кршење на истите. За жал токму тоа е денешната реалност. Луѓето насекаде низ светот се соочуваат со нееднаквост и насилство поради тоа кого сакаат, како изгледаат или кои се. Сексуалната ориентација и родовиот идентитет се интегрални аспекти на тоа кои сме ние како луѓе и најмалку треба да водат кон дискриминација и злоупотреба. А сепак сѐ уште сме сведоци на преваленца во  прифаќањето и неодобрување на хомосексуалноста кои се поврзани со различни културни, демографски, психолошки и социјални фактори. Иако се забележува глобален пораст на прифаќање на луѓето кои се идентификуваат како ЛГБТИ, да се биде млад припадник на сексуално малцинство сѐ уште е голем и тежок предизвик во општество ориентирано кон хетеросексуалноста. Негативните последици и потенцијалните опасности не доаѓаат само од припадноста на сексуално малцинство туку поради дискриминација, маргинализација, и изолација кои се поврзани со идентификувањето како ЛГБТИ.  ЛГБТИ младината има поголема изложеност на ранливост кон широк спектар на здравствени, социјални и проблеми од областа на менталното здравје, како што се растројства во исхрана, сексуално преносливи болести, булинг и потешкотии во образовниот систем, присилен секс и присилна сексуална работа, како и ризик од бездомништво, како и зголемен ризик од насилство и самоубиство.

На овие проблем, одговор се обиде да даде и Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија преку спроведување на истражувањето: „Потребите и проблемите на лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите и квир луѓето за време на КОВИД – 19 во Република Северна Македонија“, чии резултати и заклучоци може да ги погледнете – тука, за дополнителни информации на темата.

Вака изложени, овие факти, неминовно не предизвикуваат да помислиме кое е решениетo. Кој чекори да се преземат, од страна на една млада личност и блиското опкружување, за последиците да бидат минимални и безболни?

Најпрво, времето на изолираност корисно е да се искористи за соочување со сопствените стравови, искуство кое секако нема да биде воопшто лесно. Младите треба да се фокусираат на нивните интереси и желби, на нивниот раст и развој, да постават здрави граници и да се обидат да ги разберат своите родители. Овој процес нема да е едноставен и на многумина млади луѓе ќе им е потребна поддршка, од блиски пријатели, роднини, партнери, како и поддршка од стручни лица. Најважно е да се напомене дека нема страв и срам во барање на поддршка. Кругот на поддршка е столбот кој не прави здрави и динамични личности. Прифаќањето помага да се намали интензитетот на тоа што луѓето искусуваат како негативно. Прифаќањето на сите свои доживувања, било да се тие позитивни или негативни, претставуваат услов не само за личен раст, туку и за промена на примарните уверувања и базичната животна филозофија. На крај на денот, прифаќањето на нашите човечки слабости е голем чекор во подобрувањето на квалитетот на живот на еден човек.

За крај би сакале исто така да ги повикаме и родителите на млади ЛГБТИ луѓе, особено кога станува збор за малолетни лица, да земат активно учество во давањето поддршка, помош и разбирање. Родителите сакаат да го видат своето дете среќно, здраво и безбедно. Доколку вашето дете еден ден се идентификува како ЛГБТИ најверојатно тоа нешто што не сте го очекувале и сигурно не сте подготвени за истото, но вашата способност за справување со одбивањето и вашето прифаќање е тоа што е најважно и најбезбедно за детето. Од досегашното искуство може да се видат различни начини на справување, кога вашето дете ќе се идентификува како ЛГБТИ. Може да видиме две екстремни однесување, одбивање на детето па дури и исфрлање од дома, и славење на идентитетот на детето. Советите кои би биле наменети до родителите се однесуваат пред се на тоа да се даде доволно време на адаптација на новонастанатата ситуација, да се биде свесен за конфликтните чувства кои ќе се појават и да се побара помош во процесот на прифаќање кој може да е едно долго патување, од блиски пријатели, од родители кои го поминале истото, па дури и стручна помош, се со цел да се даде љубов, признавање и поддршка на детето.

Зорица Николова

Психолог и семеен советник

 

]]>
Родители на ЛГБТИ деца: Писмо од мајка на геј син! http://lgbti.mk/old/?p=2682 Sun, 26 Jan 2020 14:15:16 +0000 http://lgbti.mk//?p=2682 Приказни кои ретко се раскажуваат

Беше некаде пред околу 6-7 години кога мојот, штотуку влезен во тинејџерските години, син дојде од училиште видно растревожен:

Децата ми се смеат дека сум бил геј!
А геј ли си?“ – го прашавме јас и татко му.
Не знам!“ – одговори.
Види како ќе се чувствуваш во наредните години, верувам дека само ќе ти се каже.
И толку беше.

Поминаа години, тој заврши основно училиште, почна средно училиште и еден ден не седна на маса, цела фамилија, и ни соопшти дека е геј. Мојот сопруг, неговиот татко, е нешто најубаво што и се случило на нашата фамилија. Тоа што неговиот син има различна сексуална ориентација за него не беше ама баш никаков проблем. За него, нашиот син беше исто тоа прекрасно, вредно и работливо момче како и вчера.
А јас, за мене не беше баш така. Првите мисли кои ми поминаа низ глава беа многу себични: „Што ќе речат наште пријатели и роднини?; Ќе не отфрлат ли или ќе разберат и прифатат?; А што ако се зарази со ХИВ вирусот?; Што ако западне во лошо друштво?; Може ќе почне да зема дрога?; Како јас како родител ќе можам да му помогнам полесно да ги преброди предизвиците што го чекаат, а не познавам ниту еден геј (барем така мислев тогаш)?

Неколку месеци ме мачеа овие мисли но, целото тоа време знаев со сигурност само едно, јас многу го сакам мојот син и не би сменила ништо кај него. Тој е млад човек со добри манири, вреден и неверојатно храбар. Тоа ме натера да помислам: Kолкава само храброст е потребна да се соочиш со твоите најблиски и да им кажеш нешто толку интимно за тебе; нешто што може да ги расипе семејните односи засекогаш? Тогаш борбата која ја водев со себе си беше завршена! Во меѓувреме се почувствував спремна да излезам и да кажам на целиот свет дека мојот син е геј и тоа е ОК.

Денес, нашиот син не се дрогира, нема ХИВ и има прекрасен круг на пријатели околу него. Тој е сè уште прекрасен млад човек со големи аспирации да остави позитивна трага врз иднината што доаѓа. Што се однесува до нашите пријатели и семејство, вистината е дека многу од нив си отидоа.„Не биле вистински пријатели“ – си помислив. Но, со тие што останаа во нашите животи, врската е многу посилна од порано. Дојдоа и нови пријателства, луѓе со интересни искуства, луѓе отворени и искрени, луѓе со кои времето како да лета кога ќе се сретнеш.

Животот е многу интересна појава и понекогаш те носи на целосно неочекувани и различни места. Сепак, ако имаш здраво семејство и многу љубов, сите предизвици на живеењето ќе ги пребродиш многу полесно и ќе излезеш како подобра личност. Јас ја имам таа среќа да имам прекрасно семејство.

Писмо од мајка на геј син


Со ова писмо, испратено од родителите на ЛГБТИ дете до Центарот за поддршка, започнува кампањата: Родители на ЛГБТИ деца: Не сте сами!

Ние, родителите, семејствата и пријателите на лејзбејки, геј, бисексуалци, трансродови лица и сите припадници на ЛГБТИ заедницата, ја славиме различноста и имаме визија за општество во кое сите се прифатени, вклучително и тие со различни сексуални ориентации и родов идентитет. ЛГБТИ Центарот за поддршка посакува добредојде на сите кои сакаат да учествуваат, да подржуваат и се надеваат дека оваа визија ќе се реализира.

Нашите членови се родителите, семејствата и пријателите на ЛГБТИ лица, а и самите ЛГБТИ лица. Тоа значи една група со разнолики политички, религиозни и културолишки перспективи. Доколку имате потреба слободно и без било каква осуда да разговарате за она низ што поминувате и да слушнете други перспективи и искуства, ЛГБТИ Центарот ви стои на располагање.

Може да испратите е-пошта на roditeli@lgbti.mk за да се поврзете со други родители кои поминуваат или поминале низ процесот на прифаќање и поддршка на сексуалната ориентација и/или родовиот идентитет на нивното дете, со кои безбедно може да ги споделите вашите искуства, чувства и прашања. 

]]>
„Прав(д)а за сите“ – Беким Асани http://lgbti.mk/old/?p=1984 http://lgbti.mk/old/?p=1984#respond Tue, 16 May 2017 20:16:09 +0000 http://lgbti.mk//?p=1984

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Беким Асани од ЛГБТИ Јунајтед Тетово, кој истакна дека: „Во последните години во ЛГБТИ активизмот на локално и национално ниво гледам прогрес и зајакнување на ЛГБТИ заедницата.“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1984
0
„Прав(д)а за сите“ – Борјана Мојсовска http://lgbti.mk/old/?p=1981 http://lgbti.mk/old/?p=1981#respond Tue, 16 May 2017 20:14:23 +0000 http://lgbti.mk//?p=1981

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Борјана Мојсовска, која го акцентираше својството на јазикот во различните начини на живот: „Јазикот што го користиме и зборовите што ги употребуваме помагаат да ја формираме реалноста помеѓу нас.“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1981
0
„Прав(д)а за сите“ – Елена Петровска http://lgbti.mk/old/?p=1978 http://lgbti.mk/old/?p=1978#respond Tue, 16 May 2017 20:12:39 +0000 http://lgbti.mk//?p=1978

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Елена Петровска, која ја промовираше Сигурната куќа: „Порано немаше каде да се побегне, да се најде засолниште во моментите кога тоа е најпотребно, затоа ние ја создадовме Сигурната куќа.“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1978
0
„Прав(д)а за сите“ – Лазар Јотев http://lgbti.mk/old/?p=1974 http://lgbti.mk/old/?p=1974#respond Tue, 16 May 2017 20:09:38 +0000 http://lgbti.mk//?p=1974

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Лазар Јотев, кој зборуваше за своето искуство: „Со денови сакав да ја кажам мојата вистина, и еден ден ја кажав.“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1974
0
„Прав(д)а за сите“ – Никола Ристевски http://lgbti.mk/old/?p=1968 http://lgbti.mk/old/?p=1968#respond Tue, 16 May 2017 20:05:14 +0000 http://lgbti.mk//?p=1968
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
 

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Никола Ристевски Шиндре, кој зборуваше за потребната солидарност: „Јас не знам како човечката мака не предизвикува болка и страдање кај сите луѓе…“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1968
0
10ти декември – Ден на човековите права http://lgbti.mk/old/?p=1450 http://lgbti.mk/old/?p=1450#respond Fri, 30 Dec 2016 07:32:40 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/10ti-dekemvri-den-na-chovekovite-prava/
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1450
0
Отворање на ЛГБТИ Центарот за поддршка http://lgbti.mk/old/?p=1444 http://lgbti.mk/old/?p=1444#respond Fri, 30 Dec 2016 07:32:36 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/otvoranje-na-lgbti-centarot-za-poddrshka/
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1444
0