Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/load.php on line 643

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/theme.php on line 1556

Deprecated: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-mapper.php on line 111

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/plugin.php on line 233

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Останато – LGBTI Macedonia http://lgbti.mk/old Sun, 12 Sep 2021 15:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.6.28 Оглас за вработување: Проектен-а раководител-ка / Координатор-ка за застапување http://lgbti.mk/old/?p=2455 Fri, 27 Jul 2018 14:57:40 +0000 http://lgbti.mk//?p=2455 Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија – ЛГБТИ Центар за поддршка во рамките на проектот „Време е!: Консолидирање на региoналните напори за унапредување на ЛГБТИ правата и еднаквоста во Западен Балкан и Турција поддржан од Европска Унија“ објавува оглас за вработување на Проектен-а координатор-ка / Асистент-ка за застапување.

 

ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН-А РАКОВОДИТЕЛ-КА / КООРДИНАТОР-КА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ

 

Опис на работната позиција:

 

Работната позиција опфаќа спровeдување на проектот на територија на Западен Балкан и Турција, вклучително и комуникација со сите засегнати страни и партнерски организации. Позицијата исто така подразбира целосна координација на програмата за застапување, односно подготвување и спроведување на стратегии и акциони планиви за застапување, спроведување на анализи и истражувања и подготовка и спроведување на планови за застапување во насока на подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето. Проектниот-та координатор-ка најблиску ќе соработува со асистентката за застапување, а ќе известува на Програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка.

 

Главни задачи и обврски

А. Проектна координација:

– целосна координација на проектното спроведување на територија на Западен Балкан и Турција,

– надгледување и поддршка на координацијата на проктот на територија на Македонија,

– подготовка на краткорочни и долгорочни проектни планови,

– подготовка на периодични и финални наративни извештаи,

– тесна комуникација со одделот за финансии при подготовка на финансискиот извештај,

– градење и одржување на комуникација со партнерските организации и донаторот на проектот,

– учество во следењето и оценувањето на проектното спроведување и навремено прилагодување на активностите,

– осигурување дека активностите придонесуваат за остварување на проектно зацртаните цели,

– развивање и подготовка на следствени предлог проекти на база на потребите и резултатите произлезени од тековниот проек,

 

Б. Застапување:

– градење и одржување на партнерство со клучните засегнати страни на национално, регионално и меѓунардно ниво,

– вклучување во активности за застапување со Парламентот на РМ, пред се’ Интерпарламентарната група за ЛГБТИ,

– вклучување во активности за поддршка и обезбедување на информации и подготовка на извештаи за членовите на Интерпарламентарната група за ЛГБТИ,

– следење на националните, регионалните и меѓународните случувања и можности и вклучување во навремени активности за застапување,

– следење на локалните, регионалните и меѓународните правни и политички прашања и соодветен развој и прилагодување на стратегии и активности,

– подготовка на документи за јавни политики, препораки, извештаи во сенка, инфографици и други документи за застапување,

– подготовка на краткорочни и долгорочни стратегии за застапување.

 

В. Мониторинг и истражување:

– собирање, анализирање и следење на податоци, политики и процеси поврзани со домашната правна регулатива за подобрување на правата на ЛГБТИ луѓето,

– собирање, анализирање и следење на податоци, политики и процеси од важност за прилагодувањето на законодавството кон препораките на Европска Унија, Совет на Европа и Обединети Нации за подобрување на правата на ЛГБТИ луѓето,

– подготовка на извештаи, брифови, препораки,

– развој и спроведување на методологии за застапување,

– идентификување на потребите и празнините од аспект на прибирање и анализа на податоци,

– развивање и спроведување активности за квантитативно и квалитативно истражување,

– развивање на краткорочни и долгорочни програми за следење, истражување и аланиза,

– собирање и одржување на најновите податоци поврзани со клучните политики за кои се застапува,

– консолидирање на приоритетите за истражување и застапување за да се осигура дека заемно се поддржуваат.

 

Останати задачи и обврски

– учество во планирањето и подготовката на периодичните и годишните извештаи за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето,

– редовна комуникација со останатите вработени во организацијата и учество на редовните и вонредните состаноци на вработените,

– асистирање при планирање, подготовка и реализација на активности на организацијата,

– учество на сесиите за стратешко планирање и подготовка на стратешките документи на организацијата.

 

 

Потребни квалификации:

– Најмалку диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС во областа на правото, политичките науки или останати општествени области, завршени постдипломски студии ќе се сметаат за предност,

– формално или нефорамално образование од областа на застапување и истражување,

– најмалку 2 години релевантно искуство во областа на застапување,

– најмалку 3 години релевантно искуство во полето на човековите права на ЛГБТИ,

– напредно познавање и разбирање на релевантната законска и институционална рамка во Република Македонија,

– напредно познавање и разбирање на ЕУ институциите, Советот на Европа и механизмите на Обединети Нации во рамки на човековите права и правата на ЛГБТИ луѓето.

– познавање и разбирање на глобалните ЛГБТИ движења,

– познавање и разбирање на политичкиот и општествениот контекст во Република Македонија,

– обемно искуство и напредно познавање на проектниот менаџмент.

 

Вештини и компетенции

– способност за работа во разнолика средина,

– способност за индивидуална и тимска работа,

– напредно познавање на устен и пишан работен англиски јазик,

– одлични комуникациски и вештини за презентација,

– напредни организациски и вештини за раководење со време,

– вештини за разрешување на конфликти,

– посветеност кон почитување на вредностите за еднаквост, човекови права, феминизам, различност и ненасилство,

– способност за работа под притисок и во предизвикувачка околина.

 

Работно време

Работната недела е составена од 5 работни дена со вкупно 40 работни часа, најчесто од понеделник до петок, од 9 до 17 часот. За оваа позиција може да има потреба од прекувремена работа, флексибилно работно време и чести патувања надвор од Скопје и државата.

 

Договор за вработување:

Со избраниот/та кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата. За работното место е предвидена месечна нето плата од 55,000 денари по истекот на пробниот период од 3 месеци.

 

Дополнителни информации

Транс и родово неконформирачки луѓе, интерсекс луѓе, лезбејки, бисексуалци, бисексуалки, геј мажи, жени, лица со попречености и припадници на други малцински групи се силно охрабрени да аплицираат за оваа позиција.

 

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени најмалку 2 референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите да се достават на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 10.08.2018, 16:59 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција за која се аплицира. Нецелосните апликации нема да бида земени во предвид при изборот на кандидатот-ката.

 

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Ќе бидат контактирани најквалификуваните кандидат/ки кои ќе бидат избрани во потесен круг, со нив ќе биде спроведено електронско тестирање, по што најдобрите кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран/а кандидат/ка и ќе му/и биде понудена работната позиција.

]]>
Што значи Брексит за ЛГБТИ правата во Обединетото Кралство? http://lgbti.mk/old/?p=2153 http://lgbti.mk/old/?p=2153#respond Mon, 24 Jul 2017 13:00:00 +0000 http://lgbti.mk//?p=2153  

Што понатаму? Откако „Leave“ кампањата и нејзините подржувачи покрај другото предизвикаa и хомофобични реакции но и раст на хомофобични напади за 147% во Велика Британија 3 месеци после референдумот, се поставува прашањето за идните состојби. Каде ќе се најдат ЛГБТИ луѓето во оваа каша наречена Брексит?

Во продолжение интегрално ја пренесуваме колумната на Honey Thomas.

What effect will Brexit have on the LGBTI rights of the UK?

The UK has a long-standing commitment to human rights, including those of the LGBTI community.

On June 23rd 2016 the United Kingdom held a referendum that resulted in the choice to leave the European Union. On March 29th 2017, the Prime Minister triggered Article 50, leaving the country two years to officially leave the EU, at which point EU laws will no longer apply to the UK.

For some time, there stood another question over the UK disassociating itself from the European Convention of Human Rights. This, however, has been decided against. This leaves the UK with two main bodies relating to LGBTI rights- the ECHR and the British Bill of Rights.

LGBTI rights played a significant role for some people in their decision regarding the referendum. The argument had two sides to it- the legal differences for the citizens of the country, and the effect that leaving would have on public attitudes towards the LGBTI community.

The initial reaction to the referendum reflected a damaging effect to the these attitudes, as the number of homophobic attacks in the 3 months following the referendum rose by 147%[1]. There was also a spike in hate crimes involving ethnicity and race, however the rise in attacks against the LGBTI community had not been predicted, and as such were even more shocking.

The most that can be done now to predict the future of LGBTI rights in the UK is to assess the differing opinions leading up to the referendum, the speculations made regarding the worth of the EU for LGBTI rights in the UK, and the current agendas of the key political parties in such a regard.

One of the major arguments in the debate came down to the origins of the present-day rights; whether they came about through the work of the UK Parliament, or through pressure from the EU and legislation passed by the EU- in other words, which entity has provided the greatest force for change within the UK.

Points of discussion

  • The European Union Charter for Human Rights.

The UK currently has 3 umbrellas of law regarding human rights- UCHR, EUFCR and the British Bill of Rights. Each now has laws that prohibit discrimination on the grounds of sexual orientation, with amendments relating to gender identity.

Remain:  the more laws in place for the rights of a citizen, the better.

Leave:  much of the law regarding LGBTI rights have now been embedded in UK law, hence will not change or be threatened through divorce from the EUFCR.

  • Progress pushed by the EU

According to Jonathon Cooper[2], a Human Rights specialist, much of the LGBT equality legislation enjoyed in Britain arose from Europe, due to decisions in either Luxembourg or Strasbourg, such as access to the armed forces and the equal age of consent. However, civil-partnerships and same-sex marriage was achieved in the UK without outside pressure.

Remain: The EU continues to provide guidelines and support that call for measures to end discrimination against all LGBTI people. We should preserve this support and encouragement.

Leave: The EU does not appoint the same rights to minority groups within the LGBTI community that they do to racial and ethnic groups. The UK are ahead of many EU member states already in regards to this level of equality and rights regarding gender identity. Take, for example, the fact that only 12 of the 28 states have legalized same-sex marriage.[3]

  • The UK and EU are leaders of progress towards equality for the LGBTI community.

The UK continues to progress in this field, and in doing so encourages others to follow in their lead and the lead of other progressive EU states.

Remain: The UK should remain in the EU to continue to support member states that are less developed in LGBTI rights.

Leave: The UK can continue to offer help for all states, and the wider world, without being an EU member.

These arguments amount to one question- will leaving the European Union slow the progress of the UK in reaching equal rights for all people?

Although the EU laws and the support of the EU in maintaining and building on LGBTI rights in the UK will be gone, the UK has sufficient laws already in place, and more that will be transferred from EU law so as not to fall in levels of equality. Both the support and encouragement of the UCHR and the binding laws against discrimination of the British Bill of Rights will continue to push the UK forward.

In the recent General Election, 8.6.17, most parties made pledges to improve the equality of the LGBTI community in regards to different fields, such as in education, crime and healthcare. The winning party, the Conservatives, made few promises as such but pledged to push forward with tackling hate crimes against all minorities, and to “expand [their] global efforts” to combat the “perpetration of violence against people because of their faith, gender or sexuality.”[4] This is a sign of the UK’s aim to continue to guide foreign states to keep advancing in LGBTI rights.

Although the outcome of Brexit for LGBTI rights in the country cannot be precisely known, most evidence points towards very little change. The will of the UK government and people to push further towards equality remains engrained in the country, regardless of EU membership, and will most likely continue to improve.

[1] ‘The Guardian’, October 2016, ‘Homophobic attacks’. https://www.theguardian.com/society/2016/oct/08/homophobic-attacks-double-after-brexit-vote

[2] ‘Buzzfeed’ Article on ‘Leaving the EU’, 2016. https://www.buzzfeed.com/patrickstrudwick/brexit-could-trigger-erosion-of-lgbt-rights-top-lawyers-fear?utm_term=.uqpM2rPRw#.rjblo8M3L

[3] ‘Out and Proud’ Magazine. http://www.outandproud.org.uk/case

[4] The Conservative Manifesto 2017, page 40.

 

 

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=2153
0
Затворен ум http://lgbti.mk/old/?p=2144 http://lgbti.mk/old/?p=2144#respond Fri, 07 Jul 2017 08:40:09 +0000 http://lgbti.mk//?p=2144 Нашето општество продолжува да пати од вековниот балкански синдром на затворен ум. Не е никаква случајност што сите балкански земји имаат речиси исти проблеми во однос на владеењето на правото, слободата и демократијата. Исто така, не е никаква случајност што младите се иселуваат од овие простори насочени кон Западот, не само во потрага по економска благосостојба туку и во потрага по повеќе слобода и подобар квалитет на животот.

Не е никаква случајност што во Балканот законите упорно важат селективно и целосната граѓанска правда е тешко достижна, па во одредени времиња дури и елементарната правда личи и на идеал кој е невозможно да се достигне. Меѓу другото, ова е последица и на тоа што многу од нас имаат затворен ум и длабоко во себе одгледуваат и негуваат двојни стандарди. Многу е тешко да се достигне било каква правда во место во кое повеќето од граѓаните, а како последица и нивните политички претставници, имаат двојни стандарди и не само конзервативни, туку изолационистички ставови кон општествените реалности.

Синдромот на затворен ум минатата недела продолживме да го гледаме во судот. Пред точно една недела, Специјалното јавно обвинителство покрена 17 обвиненија за 18 предмети, против вкупно 94 физички и 7 правни лица. СЈО побара притвор вкупно за 18 лица врз основа на Законот за кривичната постапка кој одредува дека основа за одредување на мерката притвор е опасноста од бегство, опасноста од влијание кон другите сведоци, вештаци или соработници, опасноста дека ќе ги уништи или фалсификува доказите, опасноста од повторување на кривичното дело како и намерното одложување или избегнување на обвинетиот да се појави пред суд. Повеќе од јасно е дека за обвинетите од СЈО постојат повеќето вакви опасности, па затоа барањата за притвор не само што се основани туку и се клучни за понатамошниот успешен тек на постапката.

Првостепениот суд се изјасни во однос на овие барања на СЈО. Колку од нив прифати? Нула! Колку барања за притвор од СЈО воопшто беа прифатени од кривичниот суд во изминатиов период? Речиси нула. Да, точно, се прифати барањето за притвор на Сеад Кочан, меѓутоа тој притвор го укина ни помалку ни повеќе туку Врховниот суд по барање на самиот Јавен Обвинител на РМ, кој бараше и доби укинување на притвор на лице во бегство а чие разрешување сега ВМРО го саботира во Собрание.

И судот сега ја продолжува веќе добро воспоставената пракса на одбивање на барањата за притвор покренати од СЈО. Донекаде беше јасно кога тоа го правеше под директното влијание на ВМРО кога беше на власт. Меѓутоа, сега кога веќе таа политичка моќ не е тоа што беше, сепак притворите изостануваат а правдата продолжува да се попречува токму од судовите, кои продолжуваат да служат како последен бастион на еден паднат режим. Каде е проблемот? Проблемот е во затворениот ум. Всушност проблемот секогаш бил затворениот ум. Како што рекол Ганди: “Слободата и ропството се состојби на умот”. Тој што во душата е роб, останува роб и откако ќе биде ослободен од прангите, додека пак тој што во душата е слободен човек, нема пранги кои можат да го заробат.

Оваа состојба на затворен ум не е видлива само кај судовите. Да не заборавиме, властодршците кои ние ги избираме се огледало на нашата душевна состојба и на ставот кој го имаме во врска со слободата, ропството и двојните стандарди. А двојни стандарди имаме многу.

Доволна беше само една изјава на пратеникот Бранко Манојловски во која тој се залага за недискриминација и еднаков третман на не-хетеросексуалците, и сите се алармираа. Највозрасниот пратеник во овој состав на Собранието даде мошне отворено, искрено и разбирливо објаснување за еднаквоста меѓу луѓето и забраната на дискриминација, и им одржа лекција на сите други пратеници, вклучувајќи ги и многу помладите од него, за тоа како правдата треба сите да ги заштити под еднакво и дека никој не смее да дискриминира или да навредува друг. Оваа изјава е мошне нормална за човек како Манојловски кој живеел долго време надвор од Балканот и работел со лица од различни вери, националности и раси, мажи и жени, хомосексуалци и хетеросексуалци. Затоа што отворениот ум и ослободувањето од двојните стандарди се карактеристики на лица кои вистински живееле во шаренолики средини а не на тие кои таквото шаренило го прифатиле само формално, само толку колку што им било потребно.

Не е воопшто во ред кога некој ги употребува истите двојни стандарди кои биле употребувани против него. Така, не е воопшто во ред некој кој до вчера се спротивставувал на фактот што бил наречен “клет шиптар” сега да карактеризира цела една заедница како “проколната од Бога, и тоа три пати проколната”. Врв на двојните стандарди е да кажете дека “клет шиптар” е неприфатлив израз, меѓутоа изразот “клет педер” е сосема ОК! Омразата си е омраза без разлика кон кого се изразува, и секогаш е неприфатлива во сите нејзини форми. Бидејќи да се каже дека хомосексуалците се проколнати од Бога е слобода на изразување исто колку што би било слобода на изразување да се каже дека Албанците се проколнати, така како што навистина мислат некои дека сме. Ова не е слобода на изразување, ова е говор на омраза кој никој не смее да го употреби, и за кој е предвидена кривична одговорност.

Затоа, додека не ги решиме проблемите кои сами со себе ги имаме во однос на нашите двојни стандарди, додека не разбереме дека како што не е во ред омразата кон нас така не е во ред и омразата кон другите, залудно е да чекаме правдата да се исполни. Затоа што правдата во една земја е огледало на стандардите на нејзиното население.

Да не заборавиме дека светот во кој живееме а и нашата земја се шарени. Да не заборавиме дека токму Шарената револуција (во која учествуваа Македонци, Албанци, Роми, мажи, жени, хетеросексуалци, хомосексуалци и многу многу други) ја донесе промената во Македонија. Да не заборавиме и дека секоја понатамошна позитивна промена е невозможна без таквото шаренило, кое се одликува и во самото знаме што ЛГБТ заедницата го употребува а врз кое едноставно пишува: МИР!

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=2144
0
„Прав(д)а за Сите“ – Маја Стевановиќ http://lgbti.mk/old/?p=2134 http://lgbti.mk/old/?p=2134#respond Thu, 06 Jul 2017 09:53:43 +0000 http://lgbti.mk//?p=2134
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и ЛГБТ Јунајтед Тетово. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Маја Стевановиќ: „Јас верувам дека нашиот однос кон другите во голема мера е условен од пораките, што како чеиз сме ги добиле од детство.“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=2134
0
„Прав(д)а за Сите“ – Ненад Стевовиќ http://lgbti.mk/old/?p=2128 http://lgbti.mk/old/?p=2128#respond Thu, 06 Jul 2017 09:45:57 +0000 http://lgbti.mk//?p=2128
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и ЛГБТ Јунајтед Тетово. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Ненад Стевовиќ: „Едно здраво општество, кон кое што сметам дека сите се стремиме е општество на среќни луѓе, а среќни луѓе можеме да бидеме само доколку ги остваруваме своите права.“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=2128
0
„Прав(д)а за Сите“ – Кристина Арнаудова http://lgbti.mk/old/?p=2125 http://lgbti.mk/old/?p=2125#respond Thu, 06 Jul 2017 09:42:34 +0000 http://lgbti.mk//?p=2125
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и ЛГБТ Јунајтед Тетово. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна да ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Кристина Арнаудова: „Научете ги и вие вашите деца да ги сакаат сите луѓе без дискриминирање.“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=2125
0
„Прав(д)а за сите“ – Беса Арифи http://lgbti.mk/old/?p=2121 http://lgbti.mk/old/?p=2121#respond Thu, 06 Jul 2017 09:30:12 +0000 http://lgbti.mk//?p=2121
Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и ЛГБТ Јунајтед Тетово. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Беса Арифи, која истакна дека: „Секој има право да биде тоа што е и да биде почитуван во општеството.“

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=2121
0
Општество за сите не се гради со хомофобија http://lgbti.mk/old/?p=2115 http://lgbti.mk/old/?p=2115#respond Tue, 04 Jul 2017 10:52:52 +0000 http://lgbti.mk//?p=2115 Ги осудуваме хомофобичните изјави на некои од актуелните пратеници кои преку дискриминаторски говор и говор на омраза ја деградираат ЛГБТИ заедницата, спротивно на реформската насока на политичко делување за која се залага новата влада. Сметаме дека реториката за традиционално и конзервативно општество која беше присутна во изминатите години имаше за цел да ги маргинализира и дополнително стигматизира ЛГБТИ луѓето во Македонија. Очекуваме ваквиот говор да се санкционира и политичките партии да се оградат од јавните настапи на своите членови, кои се во судир со уставниот принцип на еднаквост на сите граѓани.

Со големо внимание ја следиме работата на сите државни органи кои учествуваат во процесот на донесување одлуки и спроведувањето на најавените реформи за демократизација на македонското општество. Потсетуваме на ветувањето на новата Влада дека ќе гради општество за сите, во кое ќе се санкционира дискриминацијата и говорот на омраза. Токму затоа ја испраќаме оваа реакција во однос на скорешните јавни настапи на дел од актуелните пратеници.

Поттикнати од пратеничките расправи за правата и слободите на ЛГБТИ луѓето, потсетуваме на насилството на кое беше изложена ЛГБТИ заедницата изминатата деценија, но и на културата на неказнивост која произведе селективни стандарди за правда и еднаквост во македонското општество. Тоа беше забележано и во Програмата за работа на Владата на Република Македонија (2017-2020), имајќи предвид дека: „Се стимулираше и нетрпеливост кон разните општествени малцински или маргинализирани групи, како кон припадниците на ЛГБТ популацијата, со што предизвика дури и изблици на групно и поединечно насилство кон нив од екстремни групи и поединци.“

Новите програмски определби и реформската политика на новата владеачка структура треба да придонесат кон менување на состојбите со човековите права и слободи на ЛГБТИ луѓето, преку градење доверба во институциите на системот, како и преку професионалниот ангажман на сите кои учествуваат во процесот на донесување одлуки. Во оваа насока, потребно е да се консолидира заложбата на Владата на Република Македонија да ги промовира, штити и унапредува човековите права во државата и да создава институционални капацитети за нивна ефикасна заштита и одговорност на сите кои ќе се обидат да ги повредат човековите права – како што беше наведено во Програмата за работа на Владата (2017-2020).

ЛГБТИ Центар за поддршка
Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
ЛГБТ Јунајтед – Тетово

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=2115
0
Програма на Викендот на гордоста – Скопје: ТРАНСФОРМАЦИИ http://lgbti.mk/old/?p=2099 http://lgbti.mk/old/?p=2099#respond Mon, 19 Jun 2017 10:28:11 +0000 http://lgbti.mk//?p=2099 Почитувани,

Имаме чест да  ја претставиме програмата за овогодишниот Skopje Pride Weekend 2017 – ТРАНС-ФОРМАЦИИ.

Овогодишниот викенд е во организација на Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, ЛГБТИ – Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет и ЛГБТ Јунајтед – Тетово.

Целта на серијата настани во рамките на Викендот на гордоста е да креираат простор за ненормативни форми на социјални светови, односно релации, идентитетски позиции, и телесни стилови, кои во рамките на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, изродени, ненормални, неуспешни, патолошки, чудни итн.

Носечка идеја зад овогодишниот Викенд на гордоста се ТРАНС-ФОРМАЦИИТЕ. Со оваа носечка идеја сакаме да го отвориме прашањата за различните општествени и културни норми со кои се врамува човековата телесност, особено преку оските на родот и на сексуалноста. Уште позначајно, сакаме да ги претставиме и да експериментираме и со можностите за отпор и лизгање од нормативните решетки, токму преку самата телесност.

Во прилог проследете ја финалната програма за фестивалот. Деталната програма, со информации посебно за секој настан и претставување на уметниците, може да ја видите подолу. За албански проверете овде. Каталогот со деталната програма може да го симнете овде.

 

22.6 (четврток)  (Мала станица – Национална галерија на Македонија)

20:30 ч.                    EXPEAUSITION/ИСКОЖБА

Изложба на Cassils (CAN)

 

23.6. (петок)         (Кино Култура)

21:00 ч.                     Перформанс на Hélène Bee и Victor MarzoukMetagender (FRA)

 

 24.6. (сабота)

12:00 – 16:00 ч.      (Кино Култура)

BUTOH KING работилница (работилницата е од затворен тип)

Hélène Bее и Victor Marzouk

 

17:00 ч.                     (Мала станица)

Боли: Уметност, перформанс и болка

Предавање на Dominic Johnson (UK)

 

00:00 ч.                     (Клуб Епицентар)

 

Live performance на Aèrea Negrot / BPitch Control (GER)

Соња Исмаил

THE MOUNTAIN (MK/NL)

„Со окото на маргините“ – изложба на квир-фотографии

 

25.6. (недела)    (Кино Култура)

20:30 ч.                   Дрег кабаре – Ефемерни исповеди: песни за декаденцијата, луксузот, љубовта и   омразата (СРБ)

 

Фестивалот е поддржан од USAID, ФООМ,  Heinrich Böll Foundation и Sigrid Rausing Trust.

 

ДЕТАЛНА ПРОГРАМА

 

        22.06 (четврток)

        20:30

Мала Станица – Национална галерија на Македонија

 

EXPEAUSITION – Искожба

CASSILS (Касилс)

 

Според „Хафингтон Пост“ Касилс е „еден од десетте трансродови уметници што влијаат на промената на пејзажот во современата уметност“. Касилс е меѓународно признат по ригорозниот ангажман со телото како форма на социјална скулптура. Прикажувајќи серија тела трансформирани со посредство на строг режим на физички тренинг, уметничките дела на Касилс нудат споделени искуства за промислување на историите на насилството, застапувањето, борбата и опстанокот. Касилс ја поставува неодложноста, итноста и минливоста на перформансот изведен во живо, наспроти дела смислени за пред камера, со цел да се предизвика „документарниот фактор на вистината“ на сликите. Спротивставувајќи им се на родовите бинарности, Касилс не ја изведува трансродовоста како премин од еден во друг пол, туку како непрекинат процес на постанување, еден вид форма на отелотворување, која функционира во просторот на неодреденоста, згрченоста и непостојаноста. Црпи од концептуализмот, феминизмот, боди-артот, машката геј-естетика, при што создава серија моќни, вежбани тела за различни перформативни цели. Со посредство на потта, крвта и мускулите, Касилс конструира визуелна критика околу идеологиите и историите.

Во рамки на изложбата во Мала станица, ќе бидат претставени следните дела на Касилс:

Becoming An Image („Да се стане слика“), звучна инсталација –  ДУХ;

Inextinguishable Fire („Неизгаслив пожар“), видеоинсталација;

Cuts: A Traditional Sculpture („Засеци: Традиционална скулптура“), видео инсталацијаFast Twitch/Slow Twitch (Брзо движење/споро движење)

Tiresias („Тиресиј“), видеоинсталација.

 

23.06 (петок)

21:00

Кино Култура

 

МЕТА РОД

Хелен Би и Виктор Марзук (Hélène Bee и Victor Marzouk)

„МЕТА РОД“ претставува театарски резултат на колективно истражување фокусирано на родот, телото, музиката и на деконструкцијата на перформансот.

„Контрасексуалниот Манифест“, составен дел од перформансот, претставува дополнителен дел од буто-танцот, преку кој на гледачот од самиот почеток му се наметнува инкарнација/трансгресија на „куферот од месо“ (flesh suitcase) како костим (според Леди Џеј*).

Костимот му овозможува на танчарот протетичко тело, со што на гледачот му се остава слобода да ја проектира сопствената телесна фантазија. Костимот е направен од хулахопки и хеланки (полиморфен материјал приспособлив на текстурата со која се полни: памук, пена, мониста, топчиња од стиропор), и открива други делови од телото, надуен е, преполнет и прикрива неочекувани и недовршени движења.

Костимот се претвора во нова кожа, целулит, тестиси, пенис и дилдо. Вознемирен танц на вознемирено тело, „мајсторски водено“ од мустаклест церемонијал-мајстор, кој самиот ги открива скриените тајни на радосната машкост. Маскарадата е оркестрирана со придружба на музика од Д. Дегу.

 Виктор Марзук, Виктор Лемор, Виктор Ле Ноар, Виктор Тресор… е дрег-кинг изведувач со француско-арапско потекло.

Неговото дело се фокусира на родовата конструкција и го соочува гледачот со неговите сопствени парадокси во рамките на процесите на „експериментирање“, притоа учејќи ги ритуалите на женственоста и на машкоста.

Настапува на квир-сцените во Бурж (Франција), Париз, Њујорк, Барселона и Мадрид, со познати изведувачи, какви што се: Антонија Баер, Даен Тор и Орит Ашери.

Учествува на бројни институционални и андерграунд фестивали. Во 2011 година го собира колективот „The Project“ („Проект“), основан од женски изведувачи од квир-сцената, бурлеска и буто-танцот.

Хелен Би, буто-танчарка и текстилен дизајнер.

Извадок од интервју:
„За буто-танцот првпат слушнав во 1995 година од перформансот и работилницата на ансамблот Даираку да Кан со ‘Cie En n le jour’. Таа година почнав да ја посетувам работилницата на Леон Катс-Барил и не заминав оттаму. Работев со Карлота Икеда, Јошито Охно, Масаки Иуана, Јуми Фуџитани, Сумако Косеки. Меѓу 2004 и 2011 година танцував со Пе Вермирш и танцувам за Норма Лој на сцената од 2006 година, но мојата прва креација ‘Les Songes de l’arbre’ потекнува од 2002 година, микс-арт перформанс со Ен Саразин, графички уметник, и Роберто Робао, музичар.“

Во 2011 година почнува да соработува на „Како девица“ со Виктор Марзук. Тогаш почнува да работи на родови и дрег-кинг прашања, и на начините како тоа може да го комбинира со својот танц.

Сака да си поигрува со визуелната двозначност меѓу природата и уметничките гестови – еден вид природен готов производ – за да се разбудат сетилата.
Доколку просторот го замислите како тело, тогаш ќе сфатите како можете да придонесете во тој простор да израсне текстилна доградба.

 

24.6 (сабота)

12:00–16:00

Кино Култура

 

Буто-кинг работилница

Политичките репрезентации и постпорнографскиот род, идентитет и сексуалност

 

ДОЛОРЕС K.

Дрег-кинг работилницата ја истражува колективната практика (феминистичка и квир) на перформативната конструкција на машкоста, телесните и социјалните привилегии на машкоста како, и ресурсите за политичка акција достапни за мажите. На машкоста ѝ се приоѓа како перформативен процес на учење, како кореографија или како „практика на импровизација во рамките на ограничена сцена“ (Батлер).

Учесниците учат да ја перформираат „машкоста“ и да експериментираат со многубројни употреби на телото, со диференцијалниот пристап до јавниот пристап и со говорот.

Основните цели на ваквата вежба се:

Прво, да се манифестира „конструираноста“ на родот.

Второ, да се создаде нова форма на акција и политичка видливост на жените, поинаква од „есенцијалниот феминизам“, преку субверзивна рецитација на јасни културни кодови на машкоста.

Трето, дрег-кинг работилницата претставува колективен простор за еманципирање и извор на политичка радост. Со зборовите на Феликс Гатари, работилницата претставува вежба по „целурана микрополитика“, во обид техниките на родовиот перформанс колективно да се трансформираат во корпорална меморија.

Буто-танцот се применува за да се создадат темелите за време на работилниците. Истражувајќи ги надворешните и внатрешните пејзажи и инкарнацијата (основниот принцип во буто-танцот), учесниците потоа се подготвени да го согледаат родовиот перформанс преку перформансот како конкретна практика.

„Во телото постои таткото, мајката, ветрот, инсектот… Нема его, телото е анонимно.“ (Хиџиката)

На крајот на работилницата можно е да ѝ се предложи на групата колективен перформанс од страна на учесниците.

 

24.06 (сабота)

        17:00

         Мала Станица – Национална галерија на Р.М.

 

Боли: Уметност, перформанс и болка

Доминик Џонсон  (UK)

На сите ни е позната болката, од најмало штрекање до сериозна повреда или болест, па сè до емотивна болка. Сепак, тешко ни е да ги преточиме деталите на нашата болка во зборови. Обидот да се направи објект од сопствената болка е чест проект во историската и во современата уметност, од слики на кои се претставува сериозна закана, до перформанси со примена на самоповредата како формална техника. Предавањето е насочено кон клучни зборови во уметноста и во перформансот и кон тоа како уметникот се справува со – и активно го изведува – конститутивниот начин на кој болката избегнува да биде претставена и да се комуницира со неа.

Доминик Џонсон е предавач по Перформанс и визуелна култура во Школата за англиски јазик и драма во Универзитетот на Лондон Квин Мери. Автор е на „Glorious Catastrophe: Jack Smith, Performance and Visual Culture“ (2012); „Theatre & the Visual“ (2012); и на „The Art of Living: An Oral History of Performance Art“ (2015). Се јавува и како уредник на пет книги, меѓу кои од неодамна „Pleading in the Blood: The Art and Performances of Ron Athey“ (2013) и на (со Дијадре Хедон) „It’s All Allowed: The Performances of Adrian Howells“ (2016). Од 2005 до 2012 година неговите перформанси, кои се најчесто крвави, се прикажуваат низ светот, вклучително и на фестивали за перформанс и жива уметност во Копенхаген, Љубљана, Рим, Торонто, Виена, Загреб и други места  во Обединетото Кралство, меѓу кои на најзабележителниот фестивал „National Review of Live Art“ во Глазгов, и во Националната галерија на портрети во Лондон во рамките на изложбата „Геј-икони“.

 

24.6 (сабота)

00:00ч

Клуб Епицетар

Клупски перформанс на Aérea Negrot / BPitch Control

Со локална поддршка на

Соња Исмаил (MKD)

Специјален гостин:

THE MOUNTAIN (NL/MKD)

Аереа Негро е мултинаменска, долготрајна пејачка, продуцент, диџеј и композитор во магична ламба. Токму како што не е лесно да се изговори нејзиното име, не е лесно да се одреди и нејзиниот стил. Сепак, тоа не значи дека нејзината музика е непристапна или „тапа“, напротив, таа има создадено сопствен уникатен пристап, комбинирајќи техно-рутини, оперски вокали и апстрахиран поп. Таа е студиски продуцент, вокалист, школувана балерина и диџеј, која ја поседува не само сцената туку и средствата за продукција. Аереа Негро дозволува дисциплините што ги применува да се преклопат во прекрасно лудило, пробликнато со карактер, итро насочено кон иднината, додека со едно прсте сè уште „брца“ во традициите на класицизмот.

Активно настапува од 1999 година, а првиот албум, „Arabxilla“, го издаде во 2011 година на БПич Контрол. Весникот „Гардијан“ го опиша како „атмосферски хаус- и техно-звук, со доза на вајмарски кабаретски интервали и џез-модулации“, прогласувајќи го за „божествен“. Всушност, потеклото од Венецуела и нејзиниот дом во Берлин (со повремени екскурзии во меѓувреме) оставиле длабок печат на нејзините дела. Германскиот весник „Зајт“ исто така ја забележа меѓународната привлечност во музиката на овој полиглот, нарекувајќи ја „диско-есперанто“; парискиот „Вог“ албумот го нарече  „горлив, но истовремено и леден“ и ја спореди со Клаус Номи и Грејс Џонс, додека американското списание „Магнет“ го прогласи за број еден електронски албум на годината. Од меката на ноќните клубови Бергхајн до Оперската куќа во Сиднеј, настапите на Аереа привлекуваат нови обожаватели во различни средини. Со нејзини зборови, за музиката може да се каже дека не доаѓа од срцето, ниту од мозокот, туку „доаѓа од црниот дроб“.

По издавањето на албумот „Arabxilla“, таа прави ремикси за изведувачи, како Мамасита (Клак Рекордс), Шон Џ. Рајт, Стереогамус, Алинка (Трајбал и Тврил) и Зала (Коничива Рекордс), меѓу другите.

Покрај солистичкиот материјал, Аереа Негро, исто така, има остварено истакнати соработки, како на пример долгогодишните настапи со Hercules & Love Affair. За првпат во 2005 година на концерт на Antony & the Johnsons во Берлин го запозна фронтменот Енди Батлер, а неколку години подоцна се придружи на нивните турнеи. Аереа подоцна соработуваше и на неколку песни на вториот албум на бендот „Blue Songs“, издаден во 2011 година. Следната година го позајми вокалот на три песни на Тобијас, за албумот „Bending Over Backwards“ на издавачката куќа Остгут Тон Рекордс. Соработува и има настапувано во дуети и со Матијас Агуајо, Мигуел Торо, Били Реј Мартин, System of Survival и Масимилијано Паглиара.

Без разлика дали се наоѓа во диџејска кабина, дали работи до мугри во студио или е на сцена за време на концертите, Аереа Негро ѝ се препушта на сопствената креативност, односно таа прска од неа на сите страни како од дезодоранс…

* За време на перформансот во просторот на клубот Епицентар ќе биде отворена и изложба на квир-фотографии, финален производ на курсот за фотографија „Со окото на маргините“, под менторство на Жарко Чулиќ, Драшко Костовски и Славчо Димитров.

 

25.06 (недела)

20:30

Кино Култура

ЕФЕМЕРНИ ИСПОВЕДИ – песни за декаденцијата, луксузот, љубовта и омразата

По големото откривање на Фестивалот „БеФем“ во 2015 година, мистериозно познатата и длабоко токсична Маркиза де Сада, декадентен потомок на руски револуционери и германски аристократи, повторно ќе ги разоткрие најголемите свои тајни токму овде во Скопје. Под светлината на фенерите и рефлективните бранови, публиката ќе ја запознае младата, опасна емо-панк воинка, сопатничката и штитеничка на Маркиза, Џоана Хелмут Кол. Сепак, хармонијата на оваа врска е загрозена од привидението, супер декадентната ѕвезда Декаденца, која во минатото ѝ ја уништи можноста за филмска кариера на Мариказата. Атмосферата ќе биде дополнета со музички слајдови од лудиот пијанист Фриц Клајн.

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=2099
0
Најдобрите ЛГБТ книги за деца (1) http://lgbti.mk/old/?p=1614 http://lgbti.mk/old/?p=1614#respond Fri, 30 Dec 2016 07:34:18 +0000 http://localhost:8080/lgbtimk/index.php/2016/12/30/najdobrite-lgbt-knigi-za-deca-1/ „Ова е целата суштина на животот: Кој си ти? Што си ти?“, пишува младиот Лав Толстој во неговиот дневник. Потрагата по одговорот започнува во моментот кога сме способни за теоретски размислувања – обично на возраст од четири или пет години – и продолжува додека сме живи. Наследуваме дел од нашите сопствени одговори од нашите родители и нашата култура, чии траги ни се пренесени преку ДНК и верувањата кои се синтетизирани во општествените норми, но останатиот дел мораме самите да го откриеме. Во неговата прекрасна медитација посветена на идентитетот, Ендру Соломон нуди корисна дистинкција меѓу овие два извора на одговори, нарекувајќи го наследниот дел „вертикален идентитет“, а оној за кој самите сме задолжени „хоризонтален идентитет“. Процесот на одговарање на овие егзистенцијални прашања е доволно предизвикувачки за секое човечко суштество, особено во онаа мера во која идентитетот на поединецот им се спротивставува на културните норми. Но овој процес е секако најтежок за младите и различните, а најмногу за младите кои се чувствуваат различни од другите.

Во прилог ви претставуваме избор од интелигентни, имагинативни и охрабрувачки книги за деца, за сите мали човечиња кои се исплашени или страдаат поради сопствената различност, кои сакаат или се идентификуваат со родот кој се разликува од оној кој им е пропишан од општеството. Ретро и модерни, овие книги танцуваат низ спектарот од игриво и моќно, искрено и субверзивно, лично и политичко.

„Сите сме на ѓубриштата со Џек и Гај“ 

Ремек-делото на Морис Сендак објавено во 1993 година, „Сите сме на ѓубриштата со Џек и Гај“, е неговата најмрачна и најконтроверзна книга, а сепак најисполнетата со надеж, и веројатно едно од најличните дела кои некогаш ги има создадено. Книгата е замислена како невообичаена фузија на два познати стиха од детските песнички на Мајката Гуска, „Во ѓубриштата“ и „Џек и Гај“, преобмислени и обновени со неповторлива сензибилност од страна на Сендак и вклопени во неверојатно богатиот културен и личен контекст.

На најосновното ниво, книгата ја раскажува приказната за едно изгладнето црно бебе, дел од група бездомни деца кои се облечени во партали од весници и живеат во картонски кутии, и се киднапирани од банда џиновски стаорци. Џек и Гај, кои поминуваат покрај нив и прво ги разбркуваат бездомните деца, се сведоци на киднапирањето и решаваат да го спасат момчето. Но стаорците ги предизвикуваат на игра бриџ, вложувајќи го детето како награда. По серија предизвици кои се прикажани низ најразлични страшни сцени, Џек и Гај ги победуваат непријателите, спасувајќи го момчето со помошта на сеприсутната Месечина и една голема бела мачка која ги брка стаорците.

Вистинската магија на книгата лежи во нејзиното прикажување на многубројните идентитети на Сендак – син на преживеани жртви од Холокаустот, хомосексуалец кој бил сведок на ужасите на сидата и суптилен жонглер на темнината и светлината.  

Џек и Гај изгледаат како геј двојка, и нивниот труимф при спасувањето на детето наликува на посвојување, две децении пред тоа да стане прифатлива тема на книгите за деца. „И заедно ќе го одгледаме/ Како што прават сите други“ (And we’ll bring him up / As other folk do), гласат последните стихови. Тука повторно се открива двојното значење како што двата лика се прикажани со кријла на грбовите, полетувајќи кон небото и придавајќи му одредена аура на избавување на овој последен стих (кој буквално може да се преведе и како „Ќе го понесеме нагоре“). На крајот, тројцата се прегрнуваат како вистинско семејство среде светот кој е сепак несовршен, но исполнет со љубов.

„Сите сме во ѓубриштата
Затоа што дијамантите се безвредни

Мачињата отидоа во Св. Павле!
Бебето е мало
Месечината е на своето место
А куќите се изградени
Без ѕидови

Џек и Гај
Излегоа да се прошетаат
И пронајдоа едно мало момче
Со едно помодрено око
Ајде, вели Џек, да го удриме
По главата
Не, вели Гај
Ајде да му купиме леб
Ти купи една векна
А јас ќе купам две
И заедно ќе го одгледаме
Како што прават сите други.“

На многу начини, ова е најзначајната и најличната книга на Сендак. Всушност, дваесет години подоцна, Сендак ги воскреснува ликовите на Џек и Гај во неговата неверојатна последна книга, постхумно објавеното љубовно писмо до светот и до неговиот долгодишен животен партнер Јуџин Глин. Џек и Гај, според драмскиот писател и режисер Тони Кушнер, близок пријател на Сендак, ги претставуваат двете најзначајни личности во животот на илустраторот. Џек е неговиот вистински брак Џек, чија смрт длабоко го погодува Сендак, а Гај е Јуџин, љубовта на неговиот живот, човекот кој Сендак го надживејува по педесет години поминати заедно, кои би можеле да го уживаат правното достоинство на бракот ако Сендак и Глин доживеале да ја видат зората на брачната еднаквост. (Сендак умира тринаесет месеци пред поразот на DOMA).

Низ целата книга можат да се препознаат многубројните влијанија кои го инспирирале Сендак во текот на животот и кариерата. Како и стиховите и цртежите на Вилијам Блејк, визуелната поезија на Сендак во „Сите сме на ѓубриштата со Џек и Гај“ е длабоко заинтересирана за човечкиот дух, а особено за (не)згодите на децата.

„Ејми сака да знае: Бабо, што е лезбејка?“

Децата се нашиот најмоќен противотров за човековата ограниченост и нивната чиста и храбра љубопитност за непознатото се трансформира во осуда или одбивност само кога одговорите на нивните прашања се обоени од исплашените, ограничени умови на возрасните. На истиот начин, кога на децата ќе им се помогне да го разберат непознатото наместо да се плашат од него или да го осудуваат, семето на милостивоста и сочувството е засадено во нивните души. Оваа охрабрувачка мисла е идејата зад книгата „Ејми сака да знае: Бабо, што е лезбејка?“, објавена во 1996 година и напишана од Џин Арнолд и Барбара Линдквист, две баби кои објаснуваат во поговорот дека пред дваесет години се заљубиле и зачекориле надвор од нивната „хетеросексуална привилегија“. Книгата е делумно базирана на нивните сопствени животи и посветена на нивните шест деца и единаесет внучиња, што ја прави уште почудесна, особено денес, кога сме соочени со исчезнувањето на ликовите на бабите и дедовците од (детската) книжевност.

Книгата ја раскажува приказната за малата Ејми која се враќа од училиште еден ден и им кажува на нејзините родители дека неколку момчиња ја задевале неа и другите девојчиња бидејќи се прегрнувале, викајќи ги „лезбејки“. Ејми не е сигурна што значи тоа и зошто е навреда. Нејзините родители одлучуваат дека ова прашање најдобро ќе го одговори Бони, бабата на Ејми, која живее со нејзината партнерка, баба Џо, повеќе од дваесет години.

На денот на мајките, Ејми оди да ги посети нејзините две баби. Како што седи во нивната голема фотелја, преправајќи се дека чита една од нивните безбројни книги, сфаќа дека зборуваат за „геј парадата на гордоста“ и се прашува што значи тоа. Знае што значи „геј“, бидејќи нејзиниот омилен вујко, беше геј и умре од сида – но не сфаќа што е парада.

„Гордост? Се чувствувам горда кога ќе добијам добра оцена на училиште, кога научив да свирам флејта, и кога им помагам на мама и тато и се грижам за брат ми и сестра ми.“

Баба Бони е уметница. Нејзините слики висат по ѕидовите на нивниот дом. Таа е писателка, музичарка, експерт за компјутери и поседува сопствен бизнис. И е горда на сето тоа. Горда е на нејзините четири деца и осум внучиња. Зошто сака да оди на геј парада на гордоста за да се чувствува гордо?

На денот на мајките, Ејми оди да ги посети нејзините две баби. Како што седи во нивната голема фотелја, преправајќи се дека чита една од нивните безбројни книги, сфаќа дека зборуваат за „геј парадата на гордоста“ и се прашува што значи тоа. Знае што значи „геј“, бидејќи нејзиниот омилен вујко, беше геј и умре од сида – но не сфаќа што е парада.  

„Гордост? Се чувствувам горда кога ќе добијам добра оцена на училиште, кога научив да свирам флејта, и кога им помагам на мама и тато и се грижам за брат ми и сестра ми.“

Баба Бони е уметница. Нејзините слики висат по ѕидовите на нивниот дом. Таа е писателка, музичарка, експерт за компјутери и поседува сопствен бизнис. И е горда на сето тоа. Горда е на нејзините четири деца и осум внучиња. Зошто сака да оди на геј парада на гордоста за да се чувствува гордо?

Ејми знае делови од животните приказни на нејзините две баби – како се запознале во болницата каде што двете работеле, и каде што баба Џо уште работи повремено; како Бони била отпуштена кога во болницата дознале дека се развела и дека живее со Џо; како отвориле книжарница за жени додека се обидувале да преживеат, истовремено придонесувајќи за развојот на заедницата; како по дваесет години заеднички живот имале „еден вид брачна церемонија“.

Па, за време на нејзината следна посета во куќата на двете баби, поттикната од мајка и, Ејми го поставува големото прашање: „Бабо, што е лезбејка?“

„Па“, вели баба Бони. „Веќе долго време чекаме некое од нашите внучиња да го постави тоа прашање.“
Баба Бони длабоко вдишува и вели: „Ејми, ние сме лезбејки, Џо и јас, и не викаат ‘лезбејки’ затоа што се сакаме. Лезбејки се жените кои повеќе сакаат да имаат жени пријателки, или кои сакаат жени да им бидат љубовници и/или партнерки. Лезбејки се оние жени кои повеќе сакаат жени како партнерки и љубовници, наместо сопрузи.“

Но баба Џо ја прекинува за да додаде една клучна забелешка која одлично се надоврзува на искуството на Ејми со момчињата кои ја задеваа на училиште:

„Но секоја жена мора да се чувствува и да се смета себеси за лезбејка, пред некој да може да ја нарекува така. Лезбејка си само ако самата сметаш дека си!“

Баба Бони додава дека тие се сакаат веќе дваесет години, и тагата и замисленоста се пробиваат низ нејзините зборови, како што сме потсетени дека живееме во историски привилигирани времиња. „Да можевме да се венчаме тогаш, ќе го направевме тоа“, вели таа.

Продолжуваат да раскажуваат како на почетокот на нивната љубов, во време кога ЛГБТ двојките биле вистински невидливи, воопшто не познавале други лезбејки и се чувствувале како да не припаѓаат во ниедна заедница. ? објаснуваат на Ејми дека постојат разни полутајни знаци кои лезбејките ги користат за да ја растурат илузијата на невидливост:

„Лезбејките се насекаде – во големите градови, малите места и во селата, но се речиси невидливи кога не носат значка со розов триаголник, ако немаат знаме со виножито сошиено за нивната облека, или пак налепница на нивниот автомобил на која пишува ‘Ќе се видиме во Мичиген во август’.“

Книгата е објавена од страна на издавачката куќа Mother Courage Press, основана од Арнолд и Линдквист со цел да им се даде глас на зборовите на жените. Поговорот на Арнолд е срцепарателно сведоштво за напредокот кој го имаме постигнато во изминативе две децении, но и за моќен потсетник за тоа колку малку некои нешта се имаат променето и уште колку работа не чека:

„Сакам да ги прославам лезбејските вредности, храброста и почитта, нашата единственост и нашите борби во потрагата за среќа. Животите на многу лезбејки се непризнаени, па дури и незабележани. Длабоката тишина фрла сенка врз нив и нивните семејства, пријатели и колеги. Многумина од нас биле или се толку невидливи, што понекогаш се чувствуваме како дел од тајно сестринство, па мислиме дека е чудо кога се пронаоѓаме една со друга. Оваа тишина ја негира нашата вредност. Оваа тишина ги ослабнува нашите животи и ги подложува нашите семејства на поголеми општествени притисоци. Жените кои сакаат жени и кои отворено го покажуваат тоа ги ризикуваат своите животи секој ден. Предизвикот кој го имаат прифатено е одржуван од храброста која им е потребна за да бидат она што се. Овие жени трошат многу труд и време, живеејќи тајно и во тишина. Трошат труд и на непотребни конфликти… Овие конфликти консумираат многу сила која би можела да биде подобро потрошена за напредокот на поединецот, семејството и општеството во свет без опресија и хетеросексизам, со луѓе кои живеат во слобода и уживаат во љубовта“.

„Кралот и кралот“

 

Холандските писатели и илустратори Линда де Хаан и Стерн Нијланд се одговорни за оваа „непристојна“, имагинативна и апсолутно прекрасна книга за деца објавена прв пат во 2002 година со наслов „Кралот и кралот“, бајка со освежувачки крај.

Оваа неверојатна книга која е постојано оспорувана и во еден момент дури и ги доведува авторите до суд, но сепак е сакана од многу луѓе секаде низ светот и дури и поставувана на сцена во Виена и Мексико, ја раскажува приказната за еден млад принц чија намќореста мајка, која е подоготвена да се откаже од тронот по долги години владеење со кралството, продолжува да го убедува дека треба да се ожени.

„Разбуди се!“, се дереше кралицата.
„Ќе позборуваме малку, ти и јас.“
“Не можам веќе, доста ми беше.“
„Не те разбирам. Сите принцови од регионов се оженети. Сите, освен тебе! Кога јас бев колку тебе, имав два брака зад мене!“

Сакајќи да се спаси од неговата досадна мајка, принцот безволно се согласува да ги исполни нејзините неуморни барања, но не без да забележи дека „никогаш не му било многу гајле за принцезите“.

„Кога дојде вечерта, принцот беше зашеметен од сите тие бескрајни разговори. ‘Добро мајко, ќе се оженам. Но морам да признаам, никогаш не ми било многу гајле за принцезите’“.

Кралицата ја презема задачата со сета своја кралска одлучност и ги повикува принцезите од „секој замок, дворец и палата, блиску и далеку“. Една по друга, пристојните принцези се претставуваат пред принцот, но ниедна не го задоволува неговиот вкус: ниту „малата смешна принцеза од Гренланд“ која го освојува срцето на дворскиот шут, ни принцезата манекенка од Тексас која не успева да го импресионира кралското семејство со нејзиното жонглирање, ниту пак високата, темнокожа и елегантна убавица од Мумбај која налутено излегува од салата откако принцот забележува дека нејзините долги раце би биле совршени кога ќе треба да ? мавта на толпата.

„Принцезата Арија од Австрија пее една громогласна опера за принцот. Веднаш штом заврши, ? ја покажаа вратата“.
„О Боже, тие долги раце секако ќе послужат кога ќе треба да им мавта на поданиците“, рече принцот.
„Со брзината што нејзините елегантни нозе можеа да си ја дозволат, принцезата Раџмашупутин од Мумбај излета од палатата“.
„Кралицата и принцот тажно се погледнаа. Ништо од ова не ги задоволи нивните очекувања.“

Токму во моментот кога принцот и кралицата започнаа да го прифаќаат поразот и разочарувањето, гласникот најавува дека има уште една принцеза, придружувана од нејзиниот брат, принцот Ли.
И како што обично се случува во бајките, среќниот крај често пристигнува на неочекуван начин, но во овој случај, не ја прави многу среќна кралицата.

„Најпосле, срцето на принцот започна силно да чука.“
„Тоа беше љубов на прв поглед.“
„Принцовите се погледнаа и лудо се заљубија еден во друг, како што кралицата тивко негодуваше, а принцезата зеваше.“
„Колку прекрасен принц!“
„Колку прекрасен принц!“

Но нивната свадба е толку магична што дури и кралицата не може а да не пролее неколку солзи. Обрнувајќи внимание на сите детали, Нијланд има нацртано и мала стауетка од двајца младоженци на врвот на тортата како што принцовите заљубено се насмевнуваат под знакот на кој пишува „Честито“.

Конечно, кралицата може да се повлече од тронот и принцовите го наследуваат кралството, па оттогаш сите ги знаат како Кралот и кралот. „И сите си живеја среќно и весело до крајот на животот”, се разбира.

„Кралот и кралот и семејството“, подеднакво воодушевувачкото продолжение на „Кралот и кралот“ ја раскажува приказната за нивниот меден месец, за време на кој тие одат во џунглата, и гледајќи дека сите животни имаат бебиња, одлучуваат и тие да посвојат дете, и да запловат во водите на родителството.

(продолжува)

Извор: okno.mk

 

]]>

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
http://lgbti.mk/old/?feed=rss2&p=1614
0