Од 15ти до 17ти март, на Универзитетот во Анкара се одржа вториот Меѓународен феминистички форум.
Заедно со феминистки од Турција, активистки и активисти од Србија, Албанија, Тунис, Алжир, Либан, Египет, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грузија, Грција, Косово, Македонија и Палестина исто така беа присутни на Форумот.
Форумот се отвори со поздравниот говор на Gülsüm Depeli, член на Советничкиот Одбор на Каос ГЛ и координатор на комуникација со медиуми. Првиот форум беше одржан од Лепа Младеновиќ од Србија, лезбејско-феминистичка активистка и активистка против војната, а беше насловен како„Сестринството во нас – лезбејките-феминистки заедно против милитаризам и национализам“. Лепа зборуваше за љубовта кон себе, меѓународната солидарност против опресија за време на војна, како и лезбејско-феминистичкиот глас против национализмот.
Лезбејско-феминистичките активистки од Тунис, Алжир, Албанија и Србија се состанаа во Анкара да зборуваат за алатките на активизмот и отпорот кон национализмот и хетеросексизмот. Панел дискусијата се одржа на Универзитетот во Анкара на 16ти март, сабота.
Khouloud Mahdhaoui од Arken for Minorities од Тунис, Ihcene Menous од Abu Nawas од Algeria, Xheni Karaj од Алијанса против дискриминација на ЛГБТ од Албанија и Билјана Станковиќ од Лезбејската организација од Нови Сад, беа говорнички на дискусијата на „Лезбејско-феминистичкиот форум“, модериран од страна на Nevin Öztop од Каос ГЛ.
Khouloud Mahdhaoui, Arken for Minorities, Тунис
Тунис, која беше зад бранот бунтови и револуции во регионот, помина низ големо уназадување на полето на човековите права и индивидуалните слободи. Во овој транзициски период, за жените, борбата за нивните права им е должност.
По губитокот на некои социјални и правни достигнувања кои се дел од постколонијален Тунис, беа оформени неколку групи на бранители на правата на жените. Ќе зборувам за контекстот и потребата од нивно создавање, како и статусот на жените во општеството во Тунис денеска.
Xheni Karaj, Алијанса против дискриминација на ЛГБТ, Албанија
Одлучив да дадам преглед на ситуацијата на ЛГБТ заедницата во Албанија, моето искуство како првата јавно декларирана лезбејска активистка во Албанија. Ја создадовме Алијансата во период во кој ништо не се случуваше околу ЛГБТ прашањата и не постоеја активни организации. Всушност, Алијансата започна како група од пет лезбејки иако сега сме мешавина од различни организатори. Интересно е што ова се случува во општество во кое повеќето луѓе мислеа дека лезбејките воопшто не постојат.
Билјана Станковиќ, Лезбејска организација од Нови Сад, Србија
„Феминизмот значи среќен крај“
Секојдневието во Србија се’ уште го нема прифатено феминизмот како идеологија и акција која се залага за луѓето и за мир. По повеќе од 20 години јакнење на малцинствата, феминизмот е дискриминиран во државните институции и политиката. Механизмите за повторно оживување на патријархатот, национализмот и машката доминација ги уништуваат сите позитивни влијанија на феминизмот врз образовниот систем, здравственото прашање за жените, како и ЛГБТ правата. Повторно е време за радикалниот феминистички модел на заштита на човековите права, да го дигнеме гласот повторно и повторно, да протестираме и да се бориме без одложување, за секоја неправда и насилна реакција кон жените како битија. Некои од нас веќе го чувствуваат мирисот на револуцијата. За други феминистки, постојат други опции во борбата кон истата цел. Најважната задача за сите нас е да останеме обединети и да се зајакнеме. Како можеме да го постигнеме овој статус во рамките на многуте механизми кои имаат намера да го уништат она што сме го изградиле, да ги стават жените во инфериорна и невидлива позиција во општеството и да го постават женското тело како предмет кој им припаѓа на мажите? На лезбејките исто така им треба деконструкција на геј патријархатот. За мене, феминизмот отсекогаш бил и секогаш ќе биде живот со среќен крај за жените. Оттука, мојот активизам може да биде придружен со почит кон секој човечки живот. Доколку тоа не е доволно добро за остатокот од светот, нема да биде тешко да се продолжи со обидите да се промени тој факт затоа што верувам во еднаквоста и во моќта за промени, која ја имаат жените.
Прочитајте повеќе.