По смртта на Ханде Кадар: БАРАМЕ ПРАВДА и крај на делата од омраза

Илјадници луѓе бараат правда и да се стави крај на делата од омраза врз ЛГБТ луѓето по убиството на активистката Хандер Кадер, 22 годишна транс жена која беше силувана и убиена, минатата недела.  

Пријатели на Кадер, која беше и сексуална рабонитчка, изјавиле за локалните медиуми дека последен пат била видена како влегува во кола на нејзин клиент. Телото на Кадер, потоа, било најдено со изгореници и други осакатувања, во едно истанбулско маало на 12 август. 

Веста за нејзиното убиство беше проследена од многу ЛГБТ активисти и некои од организациите кои работат во областа на правата на ЛГБТ луѓето организираа помен за Кадер, при што социјалните заедници како Твитер и Фејсбук беа активно место за споменување на Кадер и барање правда. Хаштагот #HandeKaderSesVer кој значи „Гласно за Ханде Кадер“ послужи за потсетување на активизмот на Кадер, која учествуваше на многу протести, вклучувајќи ја и Истанбулската Поворка на гордоста во 2015 година, кога беше приведена од полицијата, откако истата употреби солзавец и водени топови со цел да го разбие ЛГБТ собирот.

 

И покрај тоа што хомосексуалноста во Турција не е нелегална, сепак постои алармантно ниво на дискриминација на ЛГБТ луѓето. Така, убиството на Кадер, всушност се случи многу брзо откако и геј Сириецот Мухамед Висам Санкари беше најден мртво во Истанбул, и тоа на место релативно блиску до она каде што беше најдено телото на Кадер. Санкари беше бегалец, кој до неговата смрт живееше една година во Турција. 

ЛГБТ организации, меѓу кои и „Пинк Лајф“ асоцијацијата, одржаа прес конференција во четвртокот, повикувајќи на почитување, гаранции и заштита на правата на трансродовите луѓе во Турција. Потоа и истанбулската мрежа ЛГБТ+ објави соопштение со кое се бара правда за Кадер и другите кои беа убиени заради нивната инкава сексуална ориентација и родов идентитет. 

Дел од соопштението се однесуваше на следното: „Чувствуваме голем гнев, нашата сакана другарка Ханде Кадер беше изгорена до смрт. Ханде беше личност која гласно беше активна против делата од омраза и ги поттикнуваше сите други да го кренат својот глас.  

Ние постојано на нашите собири посочуваме дека хомофобичните и трансфобичните искази водат до дела од омраза, убиства, кои често остануваат нерешени и сторителите не се казнуваат, при што итно е потребна посебна легислатива за дела од омраза. За жал, нашите протести се забранети изминативе две години, но ние и понатаму мораме да бидеме видливи, да бидеме на улиците, да ги поставуваме нашите права, со цел да се стави крај на делата од омраза. Бараме правда за сите оние кои ги изгубија своите животи само атоа што се жени, транс или геј.“

Вечерва се очекува да има протестен марш со кој ќе се повикаат сите граѓани да го кренат својот глас против криминалот сторен врз ЛГБТ луѓето.

Извор: www.buzzfeed.com

 

 

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика