Покана за прес-конференција: Промоција на кампањата „Македонија има љубов за сите“

            Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ и ЛГБТИ Центарот за поддршка имаат чест да Ве поканат на прес-конференција која ќе се одржи на 7 ноември 2013 година во 12:00 часот во ЕУ Инфо Центарот во Скопје (Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, 1000 Скопје). Прес-конференцијата е посветена на промоција на кампањата „Македонија има љубов за сите“.

            Поради потребата за осуда на насилството, подигнување на свесноста и промоција на толеранцијата, ЛГБТИ Центарот за поддршка и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ со поддршка од FrontLineDefenders (ФЛД) ја изработија радио и интернет кампањата „Македонија има љубов за сите“. Оваа кампања пред сè е фокусирана на осуда на насилството и давање поддршка на ЛГБТИ луѓето.

„Македонија има љубов за сите“ се состои од два дела. Првиот дел е веќе во тек и прикажува лични искуства на припадници на ЛГБТИ заедницата и нивните најблиски. Вториот дел од кампањата се концентрира на јавни личности кои ја изразуваат својата поддршка за ЛГБТИ луѓето, а воедно и го осудуваат насилството.

Радиото е медиум кој може да допре до поголем број слушатели, па според тоа, оваа кампања може да помогне во промената на јавниот дискурс и да ги притисне властите да го спречат насилството и да оние кои извршиле насилнички дејства бидат повикани на одговорност.

Во рамките на интернет страницата на кампањата (http://www.radiohrd.org/macedonia/index.html) поставена е и Петиција која бара од Премиерот и Владата на Република Македонија да сторат с? што е во нивна моќ да се спроведе ефективна истрага и да се казнат насилниците.

Со надеж дека ќе се приклучите кон промоцијата на кампањата „Македонија има љубов за сите“, преку што ќе допринесете за подигнување на јавната свест за потребата од толеранција на ЛГБТИ луѓето и осуда на насилството кон истите, остануваме со срдечен поздрав.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика