Промоција на интернет страницата, публикацијата за родители и семејства и извештаите

Денеска со почеток во 12 часот во просториите на ЛГБТИ центарот за поддршка се одржа промоција на интернет страницата, публикацијата за родители и семејства и извештаите (Квартален извештај за правата на ЛГБТИ луѓето и Извештај во сенка за Препораката на Советот на Европа). 

Извршната директорка на Македонскиот Хелсиншки Комитет, Уранија Пировска, во своето излагање изрази задоволство од работата на новоотворениот Центар, им се заблагодари на присутните за интересот, нагласувајќи ја потребата за една ваква базична соработка меѓу припадниците од заедницата.

Амбасадорката на Кралството Холандија, Марија Хенриете Шурман, се обрати на присутните потврдувајќи ја потребата од исцрпна работа на организациите за посветла иднина на ЛГБТИ заедницата.

Програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот Кочо Андоновски кратко ја презентираше новообјавената интернет страна на Центарот истакнувајќи дека е важен инструмент за поврзувањето на самата заедница и информирањето на пошироката јавност за ЛГБТИ прашањата.

Веднаш потоа се обрати Јована Ананиевска, претставувајќи ги двата извештаи изработени во рамките на ЛГБТИ Центарот и ги презентираше главните заклучоци.

За крај се претстави и една мајка на лице од ЛГБТИ заедницата, која го претстави прирачникот за родители и зборуваше за своето искуство, најавувајќи ја новооформената група за поддршка на родители на ЛГБТИ луѓе.

Ве покануваме да ги погледнете сликите од настанот на следниот линк.

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика