Сигурна куќа

Сигурната куќа е програма за престој, која вклучува услуги за поддршка во случај на криза, семејно насилство или бездомништво. Сигурната куќа е создадена како мост помеѓу привремено и трајно домување.

Овој социјален сервис е акредитиран од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и ги исполнува сите предвидени стандарди.

Приоритет на Сигурната куќа е работење засновано врз принципите на доверливост, дискреција, недискриминација и емпатија.

Барањето за сместување во Безбедната куќа може да се направи преку повик на бесплатната линија за помош  0800 66 66 6, како и на електронската адреса  contact_safehouse@lgbti.mk. За сите подетални информации можете да се обратите на  071 210 475 / 023 075 025, во секое време.

Куќата е сигурен простор каде корисниците се заштитени од секаков вид на насилство и во кој се нуди сеопфатен пакет на услуги за поддршка и заштита со соодветен квалитет.

Функционирањето на Сигурната куќа придонесува кон зголемување на безбедноста и оснажнувањето на ЛГБТИ луѓето во општеството, континуирано работејќи на прекин на кругот на насилство врз ЛГБТИ луѓето, овозможувајќи им засолниште од изворот на насилство и услови да можат да продолжат со индивидуален и достоинствен живот.

Сигурната куќа има капацитет за 7 корисници.

За корисниците обезбедуваме:

  • сместување
  • храна
  • медикаменти
  • правни услуги
  • услуги од психолог и социјален работник

Програмата вклучува и организација на:

  • креативни работилници
  • едукативни програми
  • спортско-рекреативни активности
  • неформални дружби

Сигурната куќа работи постојано, 24 часа, секој ден.


КОНТАКТ:

Барање за влез во Сигурна Куќа – Тука   

Телефонски број: 071 210 475 / 023 075 025
Бесплатна линија за помош: 0800 66 66 6
Е-mail адреса: contact_safehouse@lgbti.mk

Сигурната куќа се основа во рамките на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, како дел од „Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето“.