Тројна промоција утре во ЛГБТИ Центарот за поддршка

Со големо задоволство ве покануваме да присуствувате на утрешната тројна промоција во ЛГБТИ Центарот за поддршка. Промоцијата се однесува на нашата новообјавена веб страна, на прирачникот за родители и семејства на ЛГБТИ луѓе „Нашите синови и ќерки“, како и на Кварталниот извештај за правата на ЛГБТИ луѓето во Македонија.

 

На промоцијата на веб-страната на ЛГБТИ центарот за поддршка со пригоден говор ќе се обрати амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија, Марија Хенриете Шурман, извршната директорка на Хелсиншкиот Комитет Уранија Пировска, програмскиот директор Кочо Андоновски и една мајка која е спремна да го сподели своето исккуство.

Настанот ќе започне во 12 часот и ќе се одржи во просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка во Старата Чаршија. Придружете ни се!

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика