Повик до турските власти: веднаш укинете ја забраната за ЛГБТИ настани!

Во последните две години слободата на изразување и основните права на ЛГБТИ+ заедницата во Турција постојано се намалува. Овој проблем  започна во 2015 година кога регионалните власти на Истанбул го забранија Маршот на гордоста и поддржувачите на истиот беа нападнати од страна на полицијата. Оттогаш, Маршот е забранет во Истанбул и други градови низ државата.

Оваа забрана претставува сериозно нарушување на основните човекови права и не засега сите нас кои сме инволвирани во борбата за ЛГБТИ+ видливост. После изјавата на претседателот Ердоган каде тој говори за недостатокот на морал кај ЛГБТИ+ лицата, ситуацијата стигна до стадиум каде што изложби, јавни дискусии и состаноци, прикажувања на филмови со ЛГБТИ+ тематика и други настани беа целосно забранети.

Видливоста е единствениот начин преку кој ќе се постигне нормализација на постоењето на сите нас кои сме дел од оваа заедница. Се што е непознато, неопипливо и отсечено од социјална интеракција го плаши општеството. Претставниците на оние кои што стојат зад овие одлуки излегоа со изјави каде говорат за „зачувувањето на моралните вредности“, но тоа не претставува никаков изговор за замолчувањето на цела една заедница која постои и е активна во турското општество.

ЕРА е ЛГБТИ+ асоцијација за промовирање на човековите права во Западниот Балкан и Турција. Тие не повикуваат сите нас кои сме поврзани со овој проблем бидејќи сме дел од една иста заедница, да не молчиме за неправдата која моментално се случува во Турција. Се работи за сериозно навлегување во елементарните права на секоја индивидуа и грубо нарушување на истите.

ЛГБТИ Центарот за поддршка од Скопје, како организација која работи на заштита и застапување на правата на ЛГБТИ+ заедницата ичленка на ЕРА, изразува целосна солидарност и поддршка за сите ЛГБТИ+ лица во Турција кои директно се соочуваат со овој проблем. Ги повикуваме турските власти веднаш да ја укинат забраната за ЛГБТИ+ настани!

Ги повикуваме сите оние кои чувствуваат потреба да дадат свој придонес кон решавање на овој проблем кој има секојдневни импликации врз животот на ЛГБТИ+ луѓето, со тоа што активно ќе говорат против забраната и ќе го споделуваат овој проблем низ социјалните мрежи.

Да ја натераме Владата на Турција да реагира на нашите барања!

#ReverseLGBTIbaninTurkey  #LGBTIyasaklanamaz

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Коментарите не се дозволени