Уметник во фокусот: Сара Своти

Во серијата на Своти, наречена „Помеѓу и надвор“, родот е претставен како флуидна, релаксирана и креативна експресија, но и како напната и истражувачка транзиција.

Фотографката Сара Своти напиша: „Идејата за родот и улогите, одговорностите и очекувањата кои се поврзуваат со него, ме фасцинираа со години. Мејнстрим културата и општеството влијаат на тоа како ние како луѓе гледаме на родот.Местото каде живееме и начинот на кој сме пораснати ја диктира нашата перцепција за родот, и за тоа што е „нормално“ или „чудно“, „правилно“ или „погрешно“. Во пролетта 2010, започнав проект фокусиран на родовото изразување, што ме доведе до тоа да фотографирам луѓе и од стрејт и од ЛГБТ заедницата, трудејќи се да направам фотографии кои ги доведуваат во прашање традиционалните родови улоги и во кои се истражуваат идентитети надвор од машко-женската бинарност.

 

„Во сите мои фотографски дела, се стремам кон тоа да создадам дела кои на гледачите им нудат нови перспективи за социјалните очекувања и ограничувања во нивниот културен контекст.“ „Помеѓу и надвор“ е серија портрети кои го истражуваат родовиот идентитет и телото низ широк спектар поединци. Делата се создадени со интерес за тоа како веќе постоечките концепти за родот создале недостижни идеали за мажественоста и женственоста. Моделите опфаќаат идентитети од оние кои не се идентификуваат со полот во кој се родени, до трансродови луѓе кои поминале низ физичка транзиција и ги промениле своите тела. Целта на сликите е да споделат лични приказни од заедница на луѓе со разнолики родови идентитети, притоа предизвикувајќи ги стереотипите со кои се соочуваат ЛГБТ луѓето.

 

„Секогаш барам нови модели за фотографии.Контактирајте ме на saraswatyphoto@gmail.com доколку сте заинтересирани.“

Сара Своти е енергична и страствена фотографка од Лос Анџелес со потекло од Сент Луис, каде што научила да го сака шетањето по влажно време и готвењето индиска храна, а и развила компулсивна потреба да носи камера со себе цело време.
За повеќе информации за настанот, кликнете тука.

SaraSwatyphoto.com
Facebook.com/saraswatyphoto.com
SaraSwatyphoto.tumblr.com/
In Between & Outside Project Blog

 

Извор: http://www.advocate.com/arts-entertainment/art/artist-spotlight/2013/09/07/artist-spotlight-sara-swaty

Може да ви се допадне Повеќе од авторот

Остави реплика