ВИДЕО: Деца од градинка во изведба на ‘Вистински бои’

На церемонијата за завршување на градинка во Олимик Центарот за деца на предшколска возраство Лос Анџелес, децата кои ја посетуваа градинката им оддадоа почит на луѓето од сите типови со перформанс на култната песна Вистински Бои (TrueColors) на Синди Лопер.

 

“Деца од градинка и виножитa…да, и тоа се случи”,објави на Фејсбук Артур Авина, учителот на децата. “Погледнете ги децата како ја изведуваат химната ‘Вистински Бои’ на Синди Лопер. Пораката гласи: сакај се себеси и секогаш покажувај љубов, добрина и почит кон другите без разлика што се. Независно од етницитетот, полот, родот, религијата или сексуалната ориентација, СЕКОЈ е вреден да биде љубен.”

На почетокот на песната две деца во раце држат огледала свртени кон публиката со написи “Ти си Добар” и “Ти си Совршен”. Две пораки кои Авина се погрижил дека неговите ученици ги разбираат.

На неговиот блог објавил дека не сака децата само да ја изрецитираат песната, туку да ја сфатат вистинската содржина на текстот.

“Потенцирањето на диверзитетот не е нешто ново во мојата училница” пишува Авина, “и ако пораката која ја носи песната навистина допрела до моите ученици и ако тие навистина ја сфатат важноста на универзалната љубов и почит, тогаш тоа може автоматски да се преведе како инклузивност. Ако ги учиме да љубат безусловно, тогаш ќе разберат дека не постои ниедна група која е исклучок на ова правило.”

Погледнете го перформансот на ‘Вистински бои’:

http://www.youtube.com/watch?v=wcozl9-j4gc&feature=player_embedded

 

You might also like More from author

Leave A Reply